Кетрин Ештон денеска во Скопје

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон попладне ќе пристигне во посета на Република Македонија во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Посетата на Ештон се совпаѓа со презентирањето на пролетниот извештај за Македонија од страна на еврокомесарот Штефан Филе пред Европарламентот, од кој зависи дали земјата ќе добие датум за преговори на самитот на Европскиот совет во јуни. Се очекува, таа во Скопје да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски.

Делегацијата на ЕУ во Скопје информира дека Ештон во 19:15 часот ќе има прес-конференција во ЕУ Инфо центарот. Други детали за разговорите во Скопје не се соопштуваат.

На веб страницата на ЕК спроти турнејата низ регионот првиот дипломат на ЕУ најави дека целта на посетата е интензивиеање на процесот на евроинтеграција за земјите-аспиранти за членство во Унијата од регионот.

- Патувам во Западен Балкан за да го засилам ангажманот на ЕУ за европските перспективи на земјите од регионот. Ќе ги охрабрам лидерите во регионот да продолжат со процесот на реформи и промоворањето на добросоедските односи, вели Ештон во изјавата по повод дипломатските активности.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски минатата недела истакна дека посетата на Ештон е дел од редовната комуникација со Европската комисија и нема дирекна поврзаност со прашањето за името и последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

- Се работи за нормална комуникација со ЕК по завршувањето на последниот пристапен дијалог на високо ниво. Ештон е фокусирана на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но не мислам дека има корелација во однос на континуираниот процес кој го водиме во ОН за решавање на спорот со Грција, рече Попоски.

Инаку, Попоски на покана на генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ, во Стразбур ќе учествува на работна вечера со министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан, на која почесен гостин ќе биде еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Кетрин Ештон, според најавата од ЕК, ќе ги посети и Подгорица и Тирана. Други станици за време на посетата на Западен Балкан на Ештон ќе бидат објавени подоцна за време на самата турнеја, се наведува на веб страницата на ЕК.



Сиљановска: Граѓаните и Македонија треба да бидат повторни горди!

Македонија повторна горда. Ова е слоганот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата  за претседател Гордана Сиљановска кој го презениташе предмалку. 

Таа смета дека не само државата, туку и на граѓаните треба да бидат повторно горди. Таа обвини дека во земјава се правело културоцид.

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави предизборна коалиција наречена „За твоја Македонија“

Коалицијата „Обнова за Македонија“ стана „Твоја Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше соработката со 24 политички партии и организации со кои потпишаа договор за стратешко коалицирање за претстојните избори.

На досегашните традиционални коалициони партнери се приклучија Достоинство на Стојанче Ангелов, Демократски сојуз на Павле Трајанов, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Македонски Концепт на Петар Богојески и новоформираната бошњачка партија на Сафет Бишевац. Дали сепак некој од нив ќе добие пратеничко место на изборните листи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски не откри со најава дека ќе се знае утре на промоцијата на кандидатите, иако од партијата во неколку наврати посочија дека новите коалициони партнери нема да се најдат на листата со кандидати за пратеници. Мицкоски рече дека коалицијата се обврзува за реализација на партиската програма, каде приоритет ќе бидат економијата, борбата со корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

-Коалицијата „Твоја Македонија” се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски смета дека во СДСМ се свесни дека на претстојните избори ќе претрпат пораз, а според информациите кои тој ги има веќе во штабот на Бикаќка се лицитирало со бројки за тоа колку со колку пратенички места ќе загубат на изборите.

„ Номрлано е дека Ковачевкси ќе се обиде да најде начин да го мобилизира своето членство. Јас не очекувам дека тој сега ќе излезе ќе развее бело знаме предадени сме завршена е работата иако во тие меѓупартиски состаноци јасно им е и на нив и си кажуваат лицитираат со бројки колкав ќе биде поразот дали ќе биде со 30 пратнеика разлика, помалку од 30 итн. “-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека неговата коалиција ќе води позитивна кампања која за претседателските избори официјално почнува во четврток.

Пратеничките листи, партијата ги потврди синоќа на највисоките органи на партијата.. ќе ги предводат Мицкоски, Мисајовски, Ковачки, Николоски, Сајкоски и Дафина Стојановска, а на нив се речиси сите пратеници од актулената пратеничка група.

Тен Хаг го потврди враќањето на Лисандро Мартинез

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека Лисандро Мартинез најверојатно ќе се врати во тимот за утрешното гостување кај Брентфорд.

Аргентинецот тренира со полна брзина најмалку десетина дена и ќе може да се врати од повредата на коленото, а добра вест за „црвените ѓаволи“ е што на располагање ќе бидат и други играчи кои имаа проблеми.

-Да, има шанси да се врати во тимот. Ни недостигаше на секој меч што го пропушти бидејќи внесува смиреност во тимот. Во исто време, тој има менталитет на победник и тоа го покажува многу јасно, но може да го пренесе и на другите, што многу придонесува за нивото на нашиот настап. Има и други фудбалери кои се вратија на теренот и веќе тренираат. Очекувам дека и Лук Шо ќе биде подготвен пред крајот на сезоната, такви се прогнозите, ја објасни ситуацијата тренерот.

притисни ентер