„Лица без маски“ од 12-ти до 16 април

Со претставата „Филм“ на Независен проект од Скопје, в петок на сцената „Потковица“ во Универзалната сала ќе биде отворен шестиот по ред Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“ кој годинава ќе се одржи под мотото „Ослободи се“.


Селекторот Игор Ивковиќ на прес-конференција истакна дека од година во година интересот за Фестивалот е се поголем и оти оваа година биле фасцинирани од бројот на апликации. Тој посочи дека годинава во петте фестивалски вечери заедно со шесте претстави на репертоарот нудат релаксација на умот, телото и животот.

- Во многу кус временски период од почетокот на јануари до 1 февруари пристигнаа 70 апликации. Навистина беше тешко да се направи еден убав избор на претстави кои ќе бидат огледало на концептуалниот истражувачки експериментален театар кои носат нова свежина, естетика, форма и идеја, рече Ивковиќ.

Потенцира дека првпат годинава ќе биде изведена претставата „Убиј ги децата“ на Академијата за театар од Рим, „Софија Амендолеа“.

- Академијата работи на еден нов концепт на театарот, материјален театар и заедно со претставата „Деволуција“ на Петар Пашов кои доаѓаат од „Ателје 313“ од Софија нудат нова современа естетика. Годинава првпат го имаме театарот „Западнија“ од Полска со „Каменот на трпеливоста“. Претставата од Романија „Ова е моето тело. Повели во моите мисли“ на театарот „Создава, глуми, ужива“ ќе биде изведена на затворањето на Фестивалот. Ќе настапи и еден од најстарите академски театри од Србија „Бранко Крсмановиќ“ со претставата „Рувензори“ која минатите неколку години освојува престижни награди низ светот, додаде Ивковиќ.

Директорот на Фестивалот Миодраг Костиќ рече дека ќе бидат доделени три награди: Град при за најдобра претстава во целина, награда за најдобра актерска игра и награда за најдобра режија. За наградите, истакна тој, ќе одлучува тричлено жири во состав Васил Зафирчев, актер и уметнички директор на Велешкиот театар, Сотир Трајков, новинар и театарски критичар и Дарко Вељиќ, пантомимичар и дипломиран актер.

Во рамки на Фестивалот секој ден од 12 часот ќе се одржат и театарски работилници на гостите од Романија, Србија, Бугарија, Полска и Италија. Цената на билетите за Фестивалот е 150 денари, а блок билетите чинат 500 денари.

На отворањето на Фестивалот, концерт на „Мала сцена“ во Универзалната сала ќе одржи македонскиот бенд „Калевал“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

ЕУ бара независна истрага за масовните гробници во болниците во Газа

ЕУ денеска објави дека бара „независна“ истрага за масовните гробници во близина на двете главни болници во Појасот Газа.

„Бараме независна истрага за сомнежите и околностите на тоа откритие, бидејќи тоа создава впечаток дека можело да има прекршување на човековите права“, рече Петер Стано, портпарол на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

ОН вчера повика на независна истрага за масовните гробници откриени во двете главни болници во Појасот Газа.

Во изјавата, високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк рече дека е „ужасен“ од уништувањето на најголемата болница во Газа, болницата Ал Шифа и медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, како и од откривањето на масовните гробници до нив.

Израелската армија негираше каква било одговорност и рече дека е „неосновано верување“ дека ги закопала телата на Палестинците.

Претставник на цивилната одбрана во Појасот Газа вчера изјави дека неговите тимови во саботата откриле тела на 340 луѓе во масовни гробници во кругот на болницата „Насер“. /МИА

Повеќе од 280 милиони луѓе се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештај на ФАО

 Над 280 милиони луѓе во 59-те земји во светот каде кризата со храна е најтешка, се соочиле со акутен глад минатата година, покажува извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Се забележува дека иако вкупниот удел на луѓето во светската популација кои се соочуваат со голем недостиг на храна во 2023 година беше малку помал отколку во 2022 година, тој остана над нивото пред пандемијата.

Во него се нагласува дека процентот на луѓе кои се соочуваат од акутен глад останува висок, а главни фактори зад овој тренд се воените конфликти, екстремните временски услови и економските шокови, кои продолжуваат да го загрозуваат одржливиот развој на светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации предупредува дека влошувањето на ситуацијата во светот како резултат на овие фактори претставува сериозна закана за глобалната безбедност на храната во тековната 2024 година.

Извештајот на ОН ги става Авганистан, ДР Конго, Нигерија, Судан и Етиопија во првите пет земји погодени со најакутна криза со храна. /МИА

Владата на Словачка ја одобри контроверзната реформа на јавната радио и телевизија

 Владата на Словачка денеска ја одобри контроверзна реформа на јавната радио и телевизија во земјата, чекор, кој според критичарите, ќе доведе до преземање на целосна контрола врз медиумите од страна на Владата.

Минатиот месец, илјадници луѓе се собраа во главниот град за да го осудат планот, кој беше широко критикуван од локалните новинари, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија.

Премиерот Роберт Фицо рече дека промените се неопходни, бидејќи јавниот радиодифузен сервис РТВС бил политички пристрасен и е „во конфликт со словачката Влада“. Предложените измени ќе значат дека тој ќе има нова организација.

Се очекува, Парламентот, во кој коалициската Влада на Фицо има мнозинство, во јуни да ги одобри измените. /MIA

притисни ентер