Модните приказни на Кикириткова, Ристовска, Тошева и Насеска

Фрида Кало како грофица, Грејс Кели како модна икона, вилино коњче за среќа и спомени од детството.

Фрида Кало во облик на грофица од 21 век, допрена од висока мода во барок стил прошета по пистата на скопскиот моден викенд. За ревијата на Маја Кикириткова, а во потрага по бесмртноста! Движејќи се на звуците со потпис на Јан Тирсен моделите имаа улога повеќе. Да раскажуват автентичен, а уникатен концепт кој мириса на мистична барокна приказна !

На модниот викенд ја видовме и Грејс Кели. И таа со автентичен шмек, но во нов облик. Визуелизирана низ дизајнерското око на Антонија Ристовска. Токму соодветно на модниот став на единствената Грејс Кели, овде елеганцијата е безвременска. Таа е најдоминатниот украс, и се истакнува како еквилибриум на добриот вкус.

Ирина Тошева донесе цветна урбана бајка на пистата, за свежо пролетно будење. Мотивирана од обликот на вилиното коњче трага по неговите асоцијативни симболи . Нејзините музи, сакаат да бидат забележани, шарени и свои. Да бидат провокација за околината. Да учествуваат во кокетна игра, но по сопствени правила.

Во колекцијата пролет-лето 2013, Стефанија Насеска во нејзин стил се навраќа на детските спомени. Повторно со идеја да е весело. Овој пат коренот на инспирацијата е циркусот. Пруги и точки спакувани во геометриски форми. Доминантниот дел од палетата, сроден со оној на циркусот, но водечка е белата боја. Меѓу моделите видовме и парчиња за најмалите и најмилите.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

притисни ентер