Опозицијата не се појави на парламентарните комисии

Собранието продолжи со работата но и понатаму без опозицијата.


Пратениците од СДСМ, НСДП, и другите опозициски партии денеска не учествуваат  во работата на комисиите ниту на координацијата на пратеничките групи кај спикерот Вељановски.

Во СДСМ велат дека не го бојкотираат Собранието, но оти нема да бидат ниту параван за погрешните чекори на власта.
Претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Илија Китановски рече дека се надева оти опозициските пратеници ќе дојдат и ќе учествуваат во работата на Собранието.

Седници денеска одржаа комисиите за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и за деловнички и мандатно -имунитетни прашања.

Според СДСМ, пак закажувањето на неколку комисии само еден ден после како што велат , вакви избори е обид да се создаде  привид на нормалност. Очекуваме дека е многу соодветно и логично меѓу другото да се иницира постапка за измени на Деловникот што е преземена обврска од политичкиот договор пред локалните избори.
притисни ентер