Како што пренесуваат американските медиуми, на музичарот, чие име е Џеред Ентони Хигинс, му била пружена помош на аеродромот, но потоа во болница била констатирана смрт.
Од полицијата соопштуваат дека по доаѓање на патрола на лице место е утврдено крварење од уста кај младиот рапер.
Тој е роден на 2 декември 1998 година во Чикаго, на свои четири години научил да свири клавир а потоа и гитара, тапани и труба.
Во некои од последните интервјуа раперот говорел за своите проблеми со дрогата.