Трајановски: Од утре почнуваме со реализација на новите проекти

Се повторува големата победа од првиот изборен круг, истакна кандидатот за прв човек на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски, заблагодарувајќи им се на жителите за големиот број гласови.

Разликата е 2:1, односно 68 отсто од гласовите за Трајановски, наспроти 32 отсто за неговиот противкандидат Макрадули

Според Трајановски тоа е потврда за сетоа она што е спроведено изминативе четири години, а воедно и верување дека она што е ветено во предизборната програма ќе биде остварено.

- Не сопревме со реализација на проектите во ниту еден момент. Од 8. април почнуваме со реализирање на проектите од изборната програма, подвлече Трајановски.
притисни ентер