ДИК ги објави резултатите за 18 општини

Државната изборна комисија ги објави резултатите за 18 општини каде целосно се обработени податоците од сите избирачки места.

Арачиново - Победи Брахим Ајваз од ДУИ со 52,11 проценти освоени гласови пред независниот кандидат Бастри Барјами со 47,14 освоени гласови

Берово - Победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Наџински со 51,97 освоени гласови пред Ѕвонко Пеќески од СДСМ со 45,77 проценти од гласовите.

Богаднци - Победи Анасатасија Олумчева од ВМРО-ДПМНЕ со 52,48 проценти освоени гласови пред Зоран Прочков од СДСМ 45,34.

Брвеница - Победи Енвер Пајазити од ДУИ со 51,92 проценти од гласовите пред Стојан Тодоровски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,93 проценти.

Врапчиште - Победи Бајрам Кадрија од ДУИ со 51,25 проценти од гласовите пред Исен Шабани со 47,04 проценти

Гостивар - Победи Невзат Бејта од ДУИ со освоени 50,5 проценти од гласовите пред Руфи Османи од НДП со 47,51 проценти

Дебарца - Игор Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 51,59 пред Љупчо Којчиновски од СДСМ со 46,72

Делчево - Победи Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ со 57,18 пред Голупчо Ангелов од СДСМ со 37,54

Јегуновце - Победи Тони Коцески од ВМРО-ДПМНЕ со 54,97 освоени гласови пред Дарко Блажески од СДСМ со 42,85 проценти

Кавадарци - Победи Александар Панов од ВМРО-ДПМНЕ со 56,66 освоени гласови пред Бетијан Китев со 41,09 проценти

Карбинци - Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 58,78 проценти од гласовите пред Ристе Бањеглав од СДСМ со 37,75 проценти

Лозово - Победи Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ со 54,33 освоени гласови пред Ацо Велковски од СДСМ со освоени 43,64 проценти

Могила - Победи независниот кандидат Стево Пивковски со 52,56 освоени гласови пред Славко Велевски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,24 проценти

Ресен - Победи Ѓоко Стрезовски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 64,91 процент од гласовите пред независниот кандидат Димитар Бузлевски со освоени 35,09 проценти

Старо Нагоричане - Победи Милован Стојковски од ВМРО - ДПМНЕ со освоени 51,98 процент од гласовите пред Власте Димковиќ од СНС со 45,34

Теарце - Победи Исен Асани од ДУИ со 55,87 проценти освоени гласови пред Рухан Илази од ДПА со 42,8 проценти

Тетово - Победи Теута Арифи од ДУИ со освоени 55,54 проценти од гласовите пред Сади Беџети од ДПА со 41,93 проценти

Чешиново Облешево - Победи Костадин Личков од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 55,75 проценти од гласовите пред Горанчо Крстев од СДСМ со освоени 41,54 проценти.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер