И жирафите страдаат од несоница

Сите имаат сличен проблем. Ако во текот на денот премногу се изложени на стрес, навечер имаат проблеми со спиењето, бидејќи главата е преоптоварена со мисли. Слично е и кај животните, тврдат научниците.

Сите животни мора да имаат квалитетен сон, без разлика дали се работи за свињи, кучиња или коњи, а тоа колку долго спијат, се разликува од вид до вид. Лилјаците спијат 19 часа дневно, кучињата околу 10 часа. Повеќето животни спијат подолго од луѓето, значи повеќе од 8 часа дневно, пишува Дојче веле. Но жирафите во природа мора да водат сметка за безбедноста. Спиењето може да биде опасно ако во близина има лав.

– Ако жирафата се чувствува добро и ако денот е мирен, спие од 4 до 5 часа на ден. Притоа половина час оди на РЕМ фаза на сонот, објаснува Флориан Зикс, биолог и експерт за цицачи во Зоолошката градина во Берлин.

Своите четири часа жирафите не ги спијат во континуитет, тие дремат во продолжетоци, а РЕМ фазата трае максимално неколку минути. Но, тоа важи само за жирафите кои живеат во своето природно опкружување, вели Зикс: -

Ако жирафата е изложена на стрес, РЕМ фазите драстично се покуси. Откако една жирафа ја преместивме на друга локација, таа речиси воопшто не можеше да спие. И требаат две до три недели за нормален сон.

Своето тело жирафите обично го сместуваат преку свиените нозе, а долгиот врат и главата преку телото се до задните нозе. – Ако жирафата спие стоејќи во текот на РЕМ фазата, во еден момент се урива како вреќа.

Истовремено, гладот овие животни ги успива. Кај младенчињата жирафи се забележува подолга РЕМ фаза на сонот.

Ова сознание на некои жирафи веќе им го спаси животот, што само потврдува, колку се значајни истражувањата за квалитетот на сонот. Посебно кај животните, бидејќи обично тие не викаат на помош, кога не им е добро.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер