Бон Џови остана без гитарист?

Гитаристот на групата Бон Џови, 53-годишниот Ричи Самбора ја напушти северноамериканската турнеја на бендот поради лични причини, но тврди дека тоа нема врска со неговиот долгогодишен проблем, зависноста од алкохол и апчиња.

- Ви благодарам на сите за грижата. Добро сум, но останав во Лос Анџелес за да средам некои лични работи. Ќе се видиме наскоро - соопшти Самбора на Твитер за своите фанови.

Самбора во 2007 и 2011 година престојуваше во центар за рехабилитација за да се ослободи од зависноста од алкохол и апчиња.

Во вторникот тој не свиреше на концертот во Калгари во Канада.

Бендот Бон Џови продолжува со турнејата под наслов „Because We Can" и имаат закажано 13 настапи до крајот во Канада и САД. Во мај, групата влегува во европска фаза од турнејата, којашто ќе трае до јули
притисни ентер