Полицаец барал орален секс од проститутка пред да ја уапси!

Полицаецот Роналд Депелегрин(48) од Питсбург, САД, признал дека на проститутката Дајана Грос(26) и дозволил да го услужи со орален секс пред да ја извести дека е уапсена.

Депелегрин изјавил дека на 22 март стапил во контакт со Грос, која преку една веб страница, под името Беки Дајмон, нудела сексуални услуги. Двајцата се договориле за сеанса од половина час и цена од 145 долари во една приватна куќа.

- Ја соблеков облеката и Беки ми стави кондом. Почна со оралниот секс, а тогаш и кажав дека доаѓа полиција. Беки погледна низ прозорецот, а јас го симнав кондомот и се облеков. Потоа и кажав дека сум полицаец и дека е уапсена – се вели во извештајот.

За адвокатот на Дајана Грос, однесувањето на полицаецот е неприфатливо.

- Проблемот е во тоа што имаме полицаец кој учествувал во криминалната активност против која се бори – кажал тој.  

Но, за обвинителството, тоа не бил доволно силен аргумент за да се откаже од гонењето на Грос.   
притисни ентер