Оригинално и автентично - Сека Радончиќ инспирирана од Тимошенко

Моделите наратори на моќна, но нежна, современа, а бајковидна приказна, сплотена со звуците на украинската музика, со печат на препознатливата плетенка на Тимошенко.

Поранешниот украински Премиер Јулија Тимошенко „прошета“ по пистата на скопскиот моден викенд. Автентичниот шмек пресликан со грациозноста и умешноста во дизајнерскиот израз на оригиналната Сека Радончиќ. Моделите наратори на моќна, но нежна, современа, а бајковидна приказна, сплотена со звуците на украинската музика, со печат на препознатливата плетенка на Тимошенко. Ревијата ја отвори Дунавка Трифуновска. Манекенката која  е меѓу првите асоцијации врзани дизајнерските парчиња со потпис на Радончиќ!


До неодамна, нашите соседи ја имаа привилегијата редовно да ги гледаат дизајнерските инспирации и форми на Радончиќ, на белградската модна недела. Оваа сезона, етаблираната дизајнерка за прв пат почести со своето присуство дома, на скопскиот моден викенд. Според реакциите на публиката, а и затоа што покажа зошто важи за врвна во модните кругови, стана очигледно дека вакво нешто недостасува на нашата модна сцена, па ни најави дека нема да и остане „должна“ на македонската публика. И ние се надеваме дека во иднина почесто ќе ја имаме дома. Бидејќи вакво нешто ретко се доживува!

притисни ентер