Единаесет починати од новиот вид птичји грип во Кина (ДПЛ)

Властите на Шангај потврдија синоќа дека уште едно лице починало од заразата со новиот вид птичји грип H7N9, со што бројот на починати од болеста во Кина се зголеми на 11 лица.



Починал маж (48) кој работел на превоз на живина во источната покраина Џиангсу.

Три од четири смртни случаи се регистрирани во финансиската престолнина на Кина, каде се пријавени првите два смртни случаи на болеста која претходно не беше воочена кај човекот. Во средата во соседната покраина Жеџијанг е забележан еден смртен случај.

Здравствените власти на Шангај прецизираа дека ниту еден од осумте лица со кој последниот починат бил во близок контакт немаат симптоми на болеста.

Властите во Шангај наредија затворање на сите пазари за живина во градот откако уништија повеќе од 20.500 птици за да спречат ширење на вирусот на птичји грип H7N9.

Шангај има 23 милиони жители, и според претставник на градските власти пазарите со живина привремено ќе бидат затворени заради „безбедност на жителите“. Тој додаде дека е забранета и секаква трговија со живина.

Вирусот на птичји грип од типот H7N9 засега не се пренесува од човек на човек, за разлика од вирусот H5N1. Неколку од заболените биле во допир со живина.

Генетската анализа на новиот смртоносен вид птичји грип, претходно непознат меѓу луѓето, укажува дека вирусот H7N9 веќе поминал низ неколку мутации кои би можеле да направат да биде предизвикувач на пандемија меѓу луѓето, порачуваат експертите.

Еден од најголемите водечки светски експерти за грип, Аб Остерхаус, од холандскиот Медицински центар Еразмус, истакнува дека некои мутации укажуваат дека властите во земјите во светот мора да бидат претпазливи и да го засилат надѕорот над заболувањата на животните и на луѓето.

- Овој вирус веќе до извесна мерка се адаптираше на цицачите и на луѓето и од таа гледна точка е загрижувачки. Навистина мора будно да го следиме, истакнува Остерхаус.

Светската здравствена организација (СЗО) истакнува дека вирусот H7N9 првпат се појавил меѓу луѓето, но ја отфрли можноста од опасност од пандемија бидејќи болеста не се пренесува од човек на човек.

Грипот H1N1 или свинскиот хрип се прошири во пандемија во 2009 и 2010 и од него починаа над десетина заболени во Мексико.

Тој подоцна се покажа помалку смртоносен на ниво на светски рамки од бројни сезонски видови грип.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

СДСМ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80% од листите се истите пратеници

Составот на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија.

Ова е понуда за блокада на европскиот пат на државата, тоа е кристално јасно.

Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.

Освен блокада на европскиот пат на државата повеќе од 2 години Собранието е под опструкции, блокади, кочење, од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо за интересот на граѓаните и државата се спроведуваа теснопартиски инетерси а често слушнавме и навреди и омаловажувања кон жените-пратенички.

Во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.

Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.

Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот.

Граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.

Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.

Затоа, кристално јасно е.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ.

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

СДСМ

Фото: Тони Кукоч во белградска арена за Јокиќ: „Тој е плејмејкер“

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, асот на Југопластика, Бенетон, Чикаго, Тони Кукоч даде свој коментар за најдобар играч на НБА лигата центарот на шампионот Денвер, Никола Јокиќ.

Легендарниот Пинк пантер од Сплит, Тони Кукоч освои три титули во НБА како член на познатата генерација на Чикаго Булс со Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман, но освои и три трофеи во Евролигата со славната Југопластика.

Минатата сезона Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до нивната прва титула во историјата на франшизата од Колорадо, а претходно беше и два пати МВП на лигата.

„Денешните играчи кои доаѓаат од Европа се многу ценети и секој тим што оди во плеј-офот сака да има еден или двајца европски играчи. Европските играчи имаат способност да играат на повеќе позиции, полесно ги поврзуваат тимовите. Јокиќ... може да игра било што, на било која позиција. Кога ќе го погледнеш не е ни брз, ниту добар скокач, но неговиот мозок е две секунди пред нна сите други.Тој ја чита таа кошарка, нема да кажам дека игра, бидејќи во НБА не можеш да се играш, тоа е физички напорно, но се гледа дека тој е таму и ја чита играта. Го контролира целиот тим. Поради неговата висина игра центар, но тој е плејмејкерот на тој тим“, истакна Кукоч.

Славниот југословенски кошаркар потоа откри како легендарниот тренер од шампионските денови на Чикаго, Фил Џексон му објаснил дека шутирањето е можеби најмалку важното нешто во кошарката.

„Можете да ги прашате Џордан и Џексон за кошарката, но најважно е да се погледнете во огледало и да се запрашате што пропуштате. Ако сте искрени, тогаш брзо ќе дознаете. Мојата прва година со Булс , играв 27-29 минути, понекогаш почнував, но кога се врати Мајкл, тогаш почнував од клупа. Затоа Фил Џексон ми објасни дека не зависам од шутот,во кошарката има многу работи на кои треба да се работи.Шутирањето е можеби најважното.Треба да играш одбрана,се да знаеш, ... шутирам, промашувам, сакам да ја пресечам топката, мојот играч постигнува кош... Тогаш Фил Џексон ми рече дека тоа му пречи. “

Тони Кукоч и неговиот соиграч и пријател од Југопластика легендарниот Дино Раџа вчера беа гости на мечпот во Белград меѓу Партизан и Олимпијакос.

Двете кошаркарски легенди добија овации од преполните трибини .

притисни ентер