Францускиот виолончелист Марк Копеј ќе настапи со студенти од ФМУ

Познатиот француски виолончелист и диригент Марк Копеј вечер ќе одржи концерт со Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност „Солисти на ФМУ“ во Музејот на македонската борба.



Копеј, кој е професор на Високиот национален конзерваториум за музика во Париз, ќе настапи како солист и ќе диригира со Камерниот оркестар на ФМУ, раководен од проф. Велко Тодевски. Неговото гостување е во рамки на редовната практика на Факултетот да поканува истакнати визитинг-професори и видни уметници кои ги пренесуваат своите знаења и искуства на македонските студенти.

Марк Копеј се смета за еден од водечките современи камерни уметници на виолончело. Добитник е на двете највисоки награди на Баховиот натпревар во 1988 година – Прва награда во категоријата до 18 години и наградата за најдобра интерпретација на дела од Бах. Тој е уметнички директор на Фестивалот за камерна музика во Колмар и држи мајсторски курсеви насекаде во светот. Свири на редок вид виолончело од Матео Гофрилер (Венеција, 1711).

- Нашите студенти од Камерниот оркестар на ФМУ со огромно задоволство се подготвуваат да бидат предводени од овој исклучителен уметник, кој на публиката и нуди дела што ретко се изведуваат од други музичари. Токму затоа се вели дека неговиот репертоар е еклептичен и иновативен. Тој ги извел светските премиери на Концертот за чело на Лено, Првиот концерт за чело на Танги и француската премиера на Концертот за чело на Елиот Картер. Во ноември 2009 е избран да ги свири Баховите дела во Париз, на плоштадот Конкорд, на прославата по повод 20 години од падот на Берлинскиот ѕид, изјави Гордана Јосифова-Неделковска, декан на ФМУ.

Покрај солистичкото претставување на Копеј со Хајдновиот концерт во Д-дур, на програмата на вечерашниот концерт се и Дивертименто (Салцбуршка симфонија бр.1) на Моцарт и Серенада за гудачи од Чајковски.

Директорот на ФБИ: Кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД

Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“.

Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што дополнително беа таргетирани 23 оператори на гасоводи, истакна Реј.

Говорејќи на настан на Универзитетот Вандербилт посветен на одбраната, шефот на ФБИ рече дека Кина развива „способност физички да направи хаос на нашата критична инфраструктура кога и да сака“. „Планира да удри под појасот врз цивилната инфраструктура за да се обиде да предизвика паника“, додаде тој.

Реј рече дека е тешко да се утврдат намерите на акциите на Кина во кибер-просторот, но тие се во согласност со пошироката намера на Пекинг да ги одврати САД во одбраната на Тајван. /МИА

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран.

„По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од поголемиот дел од Тел Авив, Ерусалим до понатамошно известување“, се вели во безбедносното советување објавено од Амбасадата на нејзината веб-страница. /МИА

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес.

Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот е вратен во ДКСК на повторно постапување.

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

- Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Директорката на Академијата, Наташа Габер - Дамјановска на седницата на ДКСК на 10 април рече дека процесот на тестирање на слушателите за идни судии и јавни обвинители почнал во јануари 2023 година и се уште трае.

-Воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

притисни ентер