Филе доаѓа во вторник за финализирање на пролетниот извештај

Прогресот постигнат во петте приоритетни области наведени во декемврискиот извештај од Европскиот совет, кои се дел од пристапниот дијалог на високо ниво ќе бидат главна тема на средбите со еврокомесарот за проширување Штефан Филе кој во вторник доаѓа во посета на Република Македонија за финализирање на пролетниот извештај за земјата.

Како што изјави вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите, Филе, кој ќе биде придружува од директорот на Директоратот за проширување при ЕК Стефано Санино, со македонските владини претставници ќе разговара и за политичкиот дијалог, при што очекува да се нотира надминувањето на политичките недоразбирања меѓу власта и опозицијата што следеше по настаните во Собранието од 24 декември, како и формирањето на Експертската комисија која треба да помогне тие да се расветлат, јави МИА.

Тема на разговор ќе бидат и локалните избори, за кои Бесими вели дека не се услов Македонија да добие позитивен извештај од ЕК, но може да го загрози тој процес доколку земјата не покаже капацитет да спроведе мирни, демократски и фер избори, затоа што се дел од политичките критериуми кои мора да ги исполни секоја земја кандидат за членство во Унијата.

Тој очекува ЕК да подготви кредибилен и објективен извештај за процесот на реформите во областа на судството, владеење на правото, за реформите во јавната администрација, слободата на медиумите, спроведувањето на Охридскиот договор и функционална пазарна економија. Акцент очекува да се стави на исполнувањето на политичките критериуми, со оглед дека политичката ситуација и изборите се следат, како што вели, под лупа од земјите членки на Унијата, а за што многу е важно земјата да добие позитивна оценка.

МНР треба да подготви извештај во однос на делот на обврските за прогресот во добрососедските односи и разговорите за името.

- Тука очекуваме да се нотираат бројните иницијативи и средби што ги имаше Владата на различно ниво - од премиерско до државни институции и одредени агенции и директорати и со Бугарија и со Грција, што ќе покаже колку сме активни во тој дел, рече Бесими.

Во однос на слободата на медиумите, најави дека веќе следната недела од страна на Министерството за информатичко општество и администрација кое ја презеде надлежноста за новиот закон за медиуми, ќе биде организирана јавна дебата на која ќе бидат поканети да учествуваат сите заинтересирани страни, вклучувајќи го и ЗНМ. Владиниот пристап, пак, вели ќе биде отворен и искрен за разговорите на оваа тема.

Според него, Македонија ќе има време да испорача резултати и по 16 април кога треба да биде презентиран пролетниот извештај за земјата, а од значење е, подвлече, што има динамизирање на процесот на проширување од страна на ЕК во однос на регионот.

- И по 16 април до јуни ние имаме можност да покажеме напредок. ХЛАД е механизам што дава динамика на процесот кој е многу важен и исклучително комплексен и до јуни, а и после јуни ние треба да продолжиме со реформите. Дотогаш потребно е посветена работа од сите инстуции кои се вклучени во тој процес. Оценката која ќе ја содржи извештајот нема да биде за Владата туку за Македонија, посочи Бесими кој раководи со Секретаријатот за европски прашања, како координативно тело на процесот за евроинтеграции на земјата.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

притисни ентер