Сеул претстави нов план за „активна заштита“ од севернокорејски нуклеарен напад

Министерството за одбрана на Република Кореја изработи план за „активна заштита“, што дава дозвола на вооружените сили да нанесат брзи удари врз Демократска Народна Република Кореја при откривање на знаци за неминовен нуклеарен напад врз Јужна од Северна Кореја.



Новиот план за дејствување на армијата во вонредни околности беше изложен денеска од министерот за одбрана Ким Кхуан-џин пред претседателот Парк Гун-хе.

- Вооружените сили на Република Кореја разработуваат механизми за активна претпазливост и создаваат ударен систем за брзо неутрализирање на севернокорејската нуклеарна закана, истакна министерот.

Јужнокореjското Министерство за одбрана има за цел значително забрзување на развојот на систем за откривање и уништување на ракетни и нуклеарни објекти на територија на КНДР. Првично распоредување на ваков систем армијата планираше за 2015 година, но поради зголемените тензии на Корејскиот полуостров, јужнокорејското министерство планира да го забрза овој процес.

Конечно одобрување на планот треба да биде направено на претстојната средба на министрите за одбрана на САД и Јужна Кореја во октомври за безбедносни прашања.

извор: МИА

Мицкоски и Ковачевски ги промовираа своите први спотови во кампањата

На официјалниот старт на кампањата за парламентарните избори лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоскии Димитар Ковачевски  ги промовираа своите први спотови во кампањата

Стартува кампањата за парламентарните избори кои ќе се одржат на 8-ми мај. ВМРО – ДПМНЕ камапњата традиционално вечерва ќе ја старува со митинг од Oхрид, додека СДСМ и коалицијата за европска иднина стартот на камапњата за парламентарните избори ќе ја започнат денеска напладне од Музејот на современата уметност во Скопје, каде свое обраќање ќе има партискиот лидер Димитар Ковачевски..

„Гответе со Дракче“ - Полнети бабури со просо

Во среда (17.04.2024) во емисијата гостин ни беше Тања Турунџиева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 главица кромид

2 моркова

1 црвена пиперка

1 црвен домат

1 главица лук

1 китка магдонос

3 бабури

САЛАТА

1 марула

1 краставица

1 брокула

1 карфиол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција

 Во турскиот град Токат денеска се регистрирани повеќе од 20 земјотреси, а најсилните беа со интензитет од 4,7 и 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес бил во еден часот и шест минути по полноќ на длабочина од 9,97 километри, а вториот во два часот и 35 минути на длабочина од седум километри, соопшти турска Служба за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).

Гувернерот на Токат, Нуман Хатипоглу изјави дека земјотресите не предизвикале жртви и материјална штета.

притисни ентер