На Мушараф му е забрането да ја напушта државата

Пакистанските власти забранија денеска поранешниот претседател Первез Мушараф да ја напушти државата, јавија локални медиуми.



Министерството за внатрешни работи издаде директива до имиграциските власти да го стават Мушараф на листата за контрола при излез. Министерството исто така упати известување до Федералната истражна агенција која се занимава со имиграциски прашања на аеродромите.

Мушараф кој првпат дојде на власт по воен удар во 1999 година се врати во неделата на 24 март, во Пакистан почетири години поминати во егзил во Лондон и Дубаи за да ја предводи својата партија на парламентарните избори на 11 мај.

Тој се соочува со неколку судски процеси од кои еден е за обвинувања за пропуст на владата да и даде обезбедување на поранешната премиерка Беназир Буто која беше убиена во 2007 година. Суд во Карачи продолжи престој на Мушараф на слобода со кауција по барање на неговата одбрана за да може тој да учествува на изборите. Нему сепак, му е забрането да ја напушти државата без дозвола на Судот.

извор: МИА

Ветровито и врнежливо денеска, од утре сончево и пораст на температурите

УХМР за денеска најави променливо облачно време со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 24 до 32 степена.

Силниот северен ветер кој дува претпладнево, особено вдолж Повардарието и краткотрајно достигнува брзина над 90 километри на час, услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд на квадратен метар наврнал во Тополчани (17 литри), во Крива Паланка 10, девет литри во Крушево, осум во Демир Капија, пет литри во Претор, четири во Битола, три во Берово и два во Дебар.

УХМР за денеска најави променливо облачно време со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температура денеска ќе се движи во интервал од 24 до 32 степена.

Според прогнозата на УХМР, од утре ќе следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра. За време на викендот, пак, локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.

Прекинат синџир за криумчарење мигранти во Турција

Турските власти спречиле обид за криумчарење на 276 мигранти во европа на брод и притвориле осум осомничени криумчари, јавува турската агенција „Анадолија“.

Полицијата и крајбрежната стража операцијата ја извеле по дојава, откако бродот пристигнал во Нарлидере, во близина на Измир, пренесе „Анадолија“.

На бродот имало 276 миогранти, вклучувајќи 46 жени и 59 деца од Авганистан, Бангладеш, Сирија, Сомалија и Иран.

Во Турција моментално престојуваат околу 3,7 милиони сириски бегалци, а таа земја е една од главните транзитни точки за мигранти кои се упатуваат кон Европа.

Сите болни од туберкулоза во државата се хоспитализираат во болницата во Лешок

 Јавната здравствена установа специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза „Лешок" веќе неколку недели претставува своевиден државен центар за сите болни од туберкулоза во земјата.

Поради состојбата со Ковид-19 и извршеното преструктуирање на здравствените установи одлучено е во оваа болница да се згрижат сите болни од туберкулоза за кои е потребно болничко лекување.

-Нашата болница со преструктуирањето на здравствените капацитети работи само со туберкулоза. Сите пациенти што се со туберкулоза од целата држава, што биле сместени во Институтот за белодробни заболувања во Скопје и други медицински установи низ државата се префрлени кај нас. Освен хоспитализираните работи и амбулантанта со пуломолија и алергологија значи дијагностика на бели дробови, функционираат рентгенот и лабораторија. Не се работи спирометрија поради коронавирусот. Нормално персоналот е заштитен со скафандери, ракавици, маски, визири и се што е потребно, изјави директорот на болницата Исмаил Ваити.

Согласно посебните протоколи сите заболени од туберкулоза се сместени сами во собите.

– Во овие две недели на болничко лекување се девет пациенти. Ние имаме капацитети за повеќе, но сите се сами во собите поради претпазливост и опасноста од Ковид-19. Во текот на дијагностицирањето овие неколку месеци имало суспектни кои сме ги праќале на испитување за Ковид-19 и имало и позитивни случаи. Исто така спефични случаи кај нас се оние резистетни туберколози кај кои лековите не им реагираат, потенцира Ваити.

Три сестри од Лешочката болница од 14 јуни до 4 јули 2020 работеле на испомош во градската општа болница „8 Септември" во Скопје која сега претставува главен Ковид-19 центар каде се хоспитализираат најтешките болни.

-Тие работеа на принцип на дежурства од по 24 часа и три слободни денови. Задоволни се од престојот и работата, а тамошните колеги се задоволни од работата на нашите колешки. Сега се на 10 дневен одмор по што ќе се вратат на работа во нашата болница, вели директорот на установата.

Од сите вработени во лешочката болница досега пред еден месец една од медицинските сестри била позитивна на Ковид-19 и успешно се излекувала, по што се вратила и на работните обврски.

притисни ентер