Русија со повик до Пјонгјанг за максимална воздржаност, реaкции на Франција и Германија

Русија ги повика денеска Северна и Јужна Кореја како и САД да пројават максимална воздржаност откако Пјонгјанг објави дека е во „состојба на војна“ со Југот.



– Очекуваме двете страни да пројават одговорност и максимална воздржаност и никој да не ја помине границата од која нема враќање назад, изјави Григориј Логвинов пратеник со специјална задача на руското МНР, да ја предводи руската делегација на шестстраните преговори.

– Не можеме да останеме нечувствителни на она што се случува крај нашите источни граници каде речиси секојдневно се упатуваат закани, изјави дипломатот. 3

– Одржуваме постојанат врска со партнерите во тие преговори. Сите се стремат да не се дозволи состојбата да излезе вон политичко-дипломатски рамки, додаде тој.

Според дипломатски извор на кој се повикуваат руски медиуми, Вашингтон и Сеул имаат засега примерни и мирни реакции.

Париз исто така повика Пјонгјанг да се воздржи од какви било провокации.

– Ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од нови провокации и да почитува резолуции на ОН и да се врати на масата за дијалог, изјави Филип Лалио, портпарол на француското МНР.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ја повика Северна Кореја да прекине да си игра со оган оценувајќи ја како сериозна заканата за регионот.

извор: МИА

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер