Суд во Њујорк им прости на банките за малверзации со Либор

Окружен суд во Њујорк отфрли поголем дел од тужби против групи банки за манипулирање со меѓубанкарската каматна стапка Либор.



Се работи за низа тужби заради малверзации со Либор поднесени од приватни субјети против големи финансиски институции како што се Бенк оф Америка, Џи Пи Морган Чејс, Сити груп, Берклиз, Ројал бенк оф Скотланд, Креди Свис и Дојче банк.

Судијата им излезе во пресрет на банките и отфрли тужби за кршење федерални антимонополски закони и делумно отфрли обвинувања за манипулации на пазарите со сировини.

Како причина за таа одлука, наведено е непочитување на процедури и други правила за пријава на побарувања од физички лица.

Таа наведе дека одлуката е можеби неочекувана, со оглед на тоа дека неколку обвинети банки веќе се договориле со владини служби за плаќање високи казни. Додаде дека за разлика од државните институции, приватните тужби мора да исполнат низа други барања, а тоа го исполниле само некои од нив. 

извор: МИА
притисни ентер