Во Москва приведени десетина активисти на опозицијата

Руската полиција приведе денеска десетина активисти на опозицијата кои се собраа на плоштад во Москва за да изразат протест заради апсење нивни колеги.



Полицијата приведе 13 од 30 учесници на протестот. Активистите планирале да одржат митинг во знак на поддршка за колегите на кои им се суди заради учество во демонстрации на 6 мај минатата година, а на кои имаше немири. Демонстрациите беа одржани на денот на инаугирација на Владимир Путин.

извор: МИА
притисни ентер