7 илјади пациенти стравуваат дека имаат хепатит и сида од забар

7 илјади пациенти на еден стоматолог во Оклахома на домашна адреса добиле писмо од стоматолошкиот одбор во кое се известуваат дека можеби се заразени од хепатит и сида.



Двете клиники на докторот Харингтон биле толку нехигиенски,што инспекцијата утврдила дека има опасност пациентите да се заразени од Хепатит и  од сида. Проверките биле извршени кога пациент пријавил дека се сомнева оти се заразил со Хепатит Ц, по оралниот хируршки зафат.
Во извештајот од инспекциите пишувало дека во ординациите пронашле грозни и нечисти инструменти.

Стоматолошкиот одбор поднел 17 тужби против докторот .Тој имал 36 годишно искуство , но по инспекциските контроли доброволно ја предал својата дозвола за работа


Заев и Ахмети со оценка за коалицијата дека е стабилна и добра

Коалицијата СДСМ-ДУИ не е разнишана, туку различните внатрепартиски ставови се одлик на демократија – тврди премиерот Заев по изјавата на Мухамед Зекири кој нивните коалициски партнери ДУИ, ги нарече најголемо зло за Албанците.

 Потпретседателот на СДСМ не сака неговата партија ниту да коалицира со ДУИ по изборите напролет, но премиерот вели дека одлуката е во рацете на граѓаните и изборниот исход ќе биде пресуден.

„Мухамед Зекири не првпат кажува дека не сака коалиција со ДУИ, но во СДСМ има луѓе кои сакаат. Исто и во ДУИ има што не сакаат да коалицираат со СДСМ. Најсатирично е што на крајот граѓаните кажуваат со кого ќе коалицираме на изборите. Затоа велам, бројките се неприкосновени, тие ќе ја одредат идната коалиција“,вели Зоран Заев – претседател на Влада.

Дека односите меѓу двете владејaчки партии се стабилни, тврди и Али Ахмети. Предизборната коалиција за него не е опција, но по изборите ќе граделе стратегија за продолжување на соработката со Заев. Според Ахмети, Зекири не е легитимен претставник на партискиот став на СДСМ.

Предизборни коалиции помеѓу поголемите партии засега нема. Зијадин Села се обиде со Алијанса за Албанците да ги обедини БЕСА и Алтернатива кои ги повика за формирање на албански блок против ДУИ, но преговорите се се уште без успех.

Советот на јавни обвинители побараа одговорност од Русковска

СМС пораката од Обвинителството вчера беше објаснета како израз на моментално разочарување на обвинителката Русковска која го води случајот „Рекет“. 

Од Советот на јавните обвинители побараа објаснување од обвинителката Вилма Русковска за СМС пораката која ја испратила до еден од судиите кои одлучија Катица Јанева да биде пуштена во домашен притвор, а која, од страна на Апелациониот суд  беше оценета како директна закана и мешање во работата на Судот.. До Советот веќе стигнал дописот од второстепениот суд во кое се жалат на нејзиното однесувањето, но ќе чекаат да го слушнат и ставот на Русковска за потоа на седница да ги разгледаат сите околности.

“ Побаравме од обвинителката да ни достави писмена изјава или усно да не извести и откако ќе ни пристигне известувањето тогаш ќе заземеме и официјален став. “  – вели за Канал 5 првиот човек на Советот на јавните обвинители Ацо Колевски.

СМС пораката од Обвинителството вчера беше објаснета како израз на моментално разочарување на обвинителката Русковска која го води случајот „Рекет“. За ова директен коментар од Русковска нема, но од тоа што е познато е дека таа денеска го доби решението со кое Јанева замина дома.

Одлуката на Аплеција дојде две недели пред закажаното прво рочиште за овој предмет во кој од тројцата обвинети, во моментов само Боки 13 е во притворот во Шутка. Неговиот адвокат Сашо Дуковски пред два дена јавно обвини за лекарската негрижа во однос на лошата здравствена состојба на Јовановски, по што денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат известија дека извршиле вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во склоп на затворот во Шутка.

Од ДСЗИ информираа дека Боки 13 побарал лекарска помош уште првиот ден откако беше уапсен, а до 13 ноември бил 25 пати на преглед и од извршените проверки не констатирале неправилности во давањето на здравствени услуги.

“Упатите се давани со претходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција.” - информираат од ДСЗИ.

И од Клиниката за гастроентерохепатологија вчера ги демантираа тврдењата на адвокатот на Боки 13 дека не сакале да извршат преглед врз Јовановски и дека некои од лекарите се шегувале со неговата здравствена состојба.

Франција го ратификува пристапниот протокол за НАТО за Македонија

Македонија го мина и претпоследниот филтер до членството во НАТО.  

Францускиот парламент претпладнево го изгласа Законот за ратификација на Протоколот за членство на земјава во Алијансата. Дебатата траеше нешто повеќе од час, а против беа единствено пратениците на комунистите и Непокорна Франција. Преовладуваше ставот дека земјава направила големи жртви, како промената на името, по што, само по себе се наметна и француското вето на македонските преговори. Додека Државната секретарка за европски прашања де Моншалан уверуваше дека Македонија има јасна европска перспектива, пратеникот на Социјалистите Ален Давид жестоко ја нападна Владата на Макрон и ја обвини за лицемерие.

-Навистина е парадоксално да се види парламентарното мнозинство како одлучно маршира за пристапување на С. Македонија во НАТО, во ситуација кога неколку недели претходно претседателот на Републиката (Макрон) им ја тресна вратата на оваа земја и на Албанија со одбивањето да почнат пристапни преговори со Европската Унија, вели Ален Давид, пратеник на Социјалистичката партија на Франција

Сега целото внимание е насочено кон Шпанија, која единствено остана да го ратифкува протоколот. Формирањето на владата во Мадрид останува неизвесно, пради неубедливиот резултат на премиерот Санчез на неодамнешните избори. Од македонската влада се надеваат дека наскоро ќе се надмине и последната пречка до полноправно членство.

-Првата информација беше оптимистичка, дека се собира мнозинство. Дилемата е дали ќе биде мнозинска или малцинска влада. Информации ќе имаме веднаш по Лондонскиот самит, во тој момент ќе биде одржана првата седница на шпанскиот Парламент. Има работи кои зависат од нас, но има работи кои не зависат од нас рече, Радмила Шекеринска, министерка за одбрана

Македонија и изминатите два дена беше тема на министерски состанок на НАТО во Брисел, а денеска свои очекувања изрази и американската амбасадорка во земјава, Брнз.

-Тоа е добра работа за САД, зашто како што кажа Секретарот Помпео вчера во Брисел, безбедноста на нашиот народ значи да и кажеме и добредојде на С. Македонија. Исто така е важно за С.Македонија, зашто тоа е нешто кон кое граѓаните на оваа земја долго време се стремеа, изјави Кејт Мери Брнз, амасадорка на САД

По одобрувањето на Протоколот во шпанскиот парламент, документот треба да биде ратификуван и во македонското собрание, со што Македонија и формално станува 30-та членка на НАТО. 

притисни ентер