Грчкиот национализам и неонацизам опасен за глобалната демократија

Не нарекуваа циганоскопјани, уринираат пред телевизии, палат знамиња, од имигрантите ќе прават сапуни, тепаат пратенички во емисии - не не станува збор за непознати хулигани туку за пратеници од третата политичка сила во Грција. Канал 5 на тема неонацистите и национализмот кој го шират разговараше со пратеничката од Демократската левица и со новинарот од весникот Вима.

 И Јанакаки и Атанасопулос, согласни дека овој феномен е опасен не само за Грција туку и за целиот регион.

Не е феномен опасен за Грција,за општеството,за соседите, за сите, за цела Европа, туку е опасен феномен за самата суштина на демократијата и на парламентаризмот. Сметам дека Златна зора не е политичка партија, морам тоа да го кажам, тоа е криминална организација, гледаме на колку пратеници им е одземен пратеничкиот имунитет за да можат да излезат пред лицето на правдата и да одговараат за прекршоци., изјави Мариа Јанакаки – пратеник во Демократска левица


Постојат конкретни области од кои се засилува златна зора, едната е разочарување, другата е ксенофобија, една друга е неможноста на традиционалните партии да одговорат на многу од прашањата.
Да не заборавиме дека Златна зора сега за сега нема предложено нешто и не изгледа дека ќе го стори тоа, и во главно обвинува. Обвинува за она што не им се допаѓа на граѓаните, порача Ангелос Атанасоупулос – новинар во Вима .


Но, како неонацистите би реагирале на договор меѓу Македонија и Грција? За нив Македонија е една и исклучиво грчка.

Ова навистина е нешто што ме загрижува, бидејќи во случај да стигнеме до еден договор, навистина во рамките на еден јалов национализам ќе се обидат да го искористат и да го злоупотребат, изјави Мариа Јанакаки – пратеник во Демократска левица

Очигледно златна зора нема да поддржи решение кое ќе го вклучува и терминот Македонија во врска со Скопје. Но ова не кажува ништо,бидејќи во сите останати силе на политичката сцена ова веќе е прифатено од 2007. Што значи дека јас лично сметам дека не постои причина зошто треба да се занимаваме со тоа што вели Златна зора особено во однос на прашањето за името на Скопје, рече Ангелос Атанасоупулос – новинар во Вима



Веќе повеќе од 6 месеци, на сите истражувања на јавното мислење, Златна зора е стабилна на третата позиција, со поддршка од околу 10%. Многумина сметаат дека незадоволните поддржувачи на централно десничарската Неа Димократија сега се насочуваат кон неонацистичката партија.

Бизнисмени и Владата разговараа за поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии

Преку партнерски дијалог се креира амбиент за поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии.

Тоа го соопшти денеска Стопанската комора на Македонија, информирајќи за средбата на претставници на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори со премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим.

На средбата се разговарале за воведување автономни мерки за увозни царински давачки на репроматеријали и суровини, отворените прашања околу областите работни односи и безбедност и здравје при работа, системското решавање на проблемот со недостиг од квалификуван кадар и потребата од реформи во образовниот систем. Тема на дискусиите биле и рамномерниот регионален развој, мерките од даночната политика и други предлози за зајакнување на конкурентноста на компаниите.

Како што нагласи Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата, средбата беше одлична прилика уште еднаш, непосредно, да се запознаат креаторите на економските политики со сетот барања за подобрување на условите за водење бизнис во земјава, но и со понудените решенија за олеснување на работењето во специфични области, со цел да се стимулира подинамично инвестирање на странскиот капитал во земјата, соопшти Стопанската комора на Македонија, во чии рамки функционира Советот на странски инвеститори.

Во врска со усогласувањето со царинските стапки на ЕУ, како една од сугестиите што дојдоа од страна на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори, било посочено дека во овој момент обврска на Република Македонија е да ја усогласува Царинската тарифа со измените во ЕУ само во делот на системот на имиња на стоката, системот на нумеричко означување, единечните мерки, како и забелешките кон соодветните оддели и глави. Не се врши усогласување во делот на царинските стапки и тие обврски земјата ќе ги има по пристапувањето во членство кога ќе се применува Царинската тарифа на ЕУ.  Притоа, Владата излегла во пресрет на барањата на компаниите за воведување автономни мерки во областите каде најмногу има потреба од усогласување, а се од особено значење за унапредување на производството, извозот и конкурентноста.

Премиерот истакнал дека Владата е одлучна и посветена да го продолжи ваквиот систематизиран пристап на организација на состаноците и комуникација со надлежните институции околу проблемите и предизвиците со кои се соочува бизнис-секторот, бидејќи е од голема помош за изнаоѓање флексибилни решенија, но и презентирање на можностите кои државата ги презема со цел да излезе во пресрет на компаниите.

Владата, како што рекол Заев, останува отворена да ги слушне потребите на компаниите и дека ќе води постојан дијалог со сите компании, со странски, но и со домашен капитал, во интерес на економскиот развој на државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните.

– Тоа е одличен начин директно од индустријата, да се информираме за потенцијалите за унапредување на бизнис климата и на тој начин да го усовршуваме системот за поддршка на странските инвестиции. Најважно од оваа комуникација е што овие средби и разговори се секогаш од огромна придобивка и за бизнис-секторот и за граѓаните, зашто новите инвестиции отвораат нови работни места, повисоки плати и повисок стандард на живеење, нагласил Заев.

Овие иницијативи, посочуваат од комората, се особено важни за работата на  компаниите, без разлика на тоа дали се лоцирани во или надвор од технолошко-индустриските развојни зони. Тоа e показател дека странските компании водат грижа за подобрување на бизнис-климата во земјава и нивната долгорочна цел е да останат во државата и да отвораат нови работни места, но истовремено ќе ја олеснат одлуката на други странски компании да дојдат во Македонија, согледувајќи ги искуствата на своите колеги кои досега инвестирале во земјава.

– Во моментов во Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство земаат учество дваесет и пет странски компании од технолошко-индустриските развојни зони и од индустриските зелени зони од целата држава. Овие странски компании имаат особено големо влијание во целокупниот економски раст на земјата преку креирање нови и добро платени работни места, пораст на продуктивноста на работната сила, пристап до нови технологии и знаења, развој и усвојување на современи менаџерски вештини, финансиска стабилност и општа благосостојба во општеството, се вели во соопштението. /МИА

Кривична пријава против тројца кичевци поради агресивност кон полицајци

Поради постоење основи на сомнение дека сториле казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие", полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(24) од Кичево, како и против Ф.А.(28) и И.А.(24), двајцата од Зајас

Осомничените мината сабота околу 22,50 часот на булеварот „Ослободување" во Кичево, агресивно се однесувале кон полициските службеници кои сакале да извршат контрола врз патнички автомобил марка „БМВ" без регистерски таблички./МИА

Пендаровски: Нема напредок без вклучување на младите во процесот на носење одлуки

Без создавање механизми за младинско учество во процесот на донесување на одлуки, како и нивно охрабрување за активно учество, не можеме да очекуваме напредок и просперитет и тоа е насушна потреба на секоја држава.

Тоа денеска го изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на завршната конференција во рамки на проектот „Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки", што го спроведе Евро-атлантскиот Совет на Македонија и Амбасадата на Бугарија во Скопје.

– Во конкретниот проект се користат искуствата од соседна Бугарија со која имаме политички, социо-економски, историски и други сличности, а која, со оглед дека е членка на Европската Унија, од порано ги има апсолвирано прашањата кои ние денес ги разговараме. Во овој контекст е значајно што бугарската амбасада и финансиски го поддржа проектот што доволно зборува за перспективите за соработка, взаемна поддршка, споделување на искуства и ресурси. Убеден сум дека тоа искуство и она што беше препознаено и потврдено како добра практика ќе добие своја имплементација и кај нас, рече Пендаровски.

Истакна дека покрај донесувањето на законската рамка што ќе овозможи учество на младите во процесот на донесување на одлуки ние како општество треба да се соочиме и со еден друг и по мое мислење, поголем проблем, а тоа е апатијата и незаинтересираност на младите за општествените случувања и политичките процеси.

– Кај голем дел од нив постои разочараност и пасивизирање. Огромен процент од младите својата иднина ја гледаат надвор од својата земја и нивните планови и визија не се поврзани со нивната татковина. Во време на глобализација и зголемена мобилност дури и побогатите земји тешко можат да ги задржат младите кои се во потрага по подобри услови за живот, работа и усовршување и имаат потреба од нови предизвици. Сепак, тоа не не ослободува од обврската да обезбедиме далеку подобри услови и перспективи за нашите млади. Овде да немаме дилема: без да се слушне нивниот глас, без нивно квалитетно учество, без успешни младински политики тоа ќе биде невозможно, рече Пендаровски.

Порача да се искористат искуствата на соседите, како и искуствата на постарите европски демократии, да понудиме стратегии, насоки и препораки, да го чуеме гласот на младите, бидејќи без нив и нивното активно учество, како што истакна Пендаровски, не можеме да се надеваме на развој и благосостојба и оти без нив, нашата земја нема иднина.

Претседателот на Евро-атлантскиот совет Исмет Рамадани рече дека овој проект е во соработка со Амбадсата на Бугарија во земјата, и во тој дух Договорот за добрососедство со Бугарија е голем чекор напред во унапредувањето на нашите односи. – Членството во НАТО е цврста гаранција за поголема слобода, демократија, правда и економски развој, рече тој.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека младите мора да бидат вклучени во одлуките што ги засегаат и оти е потребен континуиран фокус кон нив и нивните потреби.

Истакна дека незадоволните заминуваат, а тоа значи, како што рече Адеми, непоправлива штета за државата која губи огромен кадровски потенцијал.

Адеми рече дека образованието е еден од факторите од кои најмногу зависи капацитетот на секоја држава.

Соломон Паси, почесен претседател на Атлантски Клуб на Бугарија истакна дека кога земјава ќе биде и физички во НАТО, членството во ЕУ ќе биде многу полесна задача.

– Ќе седите на иста маса со истите луѓе, зборувате со нив за истите проблеми, не ве третираат како аспирант како некој што чука на вратата, туку ве третираат како еднаков член. Политиката е трговија со услуги. Штом сте во НАТО вие ќе почнете да тргувате со овие услуги, ќе станете дел од семејството, истакна Паси.

Се осврна на влијанието и на Кремљ на Балканот, оценувајќи дека ова влијание се зајакнува и ја убива демократијата, поддржувајќи го популизмот.

Проектот има за цел да ги мапира проблемите и предизвиците за учество на младите во Македонија, да понуди компаративен преглед за вклучувањето на младите во Бугарија, како интегрирана земја во евро-атлантските структури, и да ги адресира главните теми преку дискусии, компаративна анализа и препораки. Долгорочната цел на оваа акција е да се поттикне поголемо учество на младите во процесите на донесување одлуки преку развој на капацитети за активен ангажман на младите и преку поттикнување поголема мобилност и соработка. Покрај ова, акцијата е насочена кон зголемување на

разбирањето за НАТО и ЕУ и изградба на позитивен став за унапредување на евроатлантските вредности. /МИА

притисни ентер