Повеќе од 36.000 лажни банкноти евра запленети во Белгија

Повеќе од 36.000 лажни банкноти во вредност од 500 илјади евра запленети се во една работилница за илегално печатење пари во Белгија, соопштија белгиските власти.

Две лица се уапсени синоќа во регионот Бинш на југ во државата. При претресот полицајците пронашле софистициран печатарски материјал, голема количина банкноти од 20 и 50 евра како и ограничен број банкноти од 100.200 и 500 евра.

Дваесет и четири часа по претресот полицијата се уште не завршила со броење на банкнотите.

– Засега имаме 12.000 листови на кои има по три банкноти чија вкупна вредност е над 500 илјади евра, изјави полициски претставник. Според количината на пронајдена хартија во печатницата, можно е да се направат банкноти за седум милиони евра.

Според Централната европска банка, во 2012 година биле запленети 531.000 лажни банкноти, а во 2011 година 606.000, 751.000 во 2010 година и 860 илјади во 2009 година.

Алонсо: Останувам во Леверкузен, тоа е вистинското место за мене

Чаби Алонсо ја потврди својата одлука да остане на чело на Баер Леверкузен. Така, тој ја пропушта можноста да ги преземе Ливерпул или Баерн Минхен, кои уште од летото го посакуваа во своите редови и влегоа во преговори со него.

Тој во принцип има договор со „аспирините“ до крајот на сезоната 2025/26. Според информациите во летото 2025 година во неговиот договор ќе биде активирана клаузула според која тој ќе може да замине како слободен агент.

Шпанецот моментално го води Баер до титулата во Бундеслигата, со солидна предност од 10 бода пред второпласираниот Баерн на осум кола до крајот. Одделно, тимот е во четвртфиналето на Лига Европа и е во полуфиналето на Купот на Германија.

Чаби Алонсо го води Леверкузен од октомври 2022 година.

Мицкоски и Ковачевски сметаат дека е добро што ќе имаат јавно соочување на Канал 5

Очекувањата на Ковачевски се дека неговиот политички опонент ќе одговори која е неговата стратегија за деблокада на преговорите, како едно од најголемите прашања кои останаа нерешени. 

Како до подобар животен стандард, кое е најдоброто решение за евроинтеграциите и чија програма е победничка- ова се дел од темите за кои лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски и Мицкоски за првпат ќе ги судрат аргументите на ТВ дуел в среда во живо на Канал 5. Очекувањата на Ковачевски се дека неговиот политички опонент ќе одговори која е неговата стратегија за деблокада на преговорите, како едно од најголемите прашања кои останаа нерешени.

-Јас се радувам на овој ТВ дуел, бидејќи конечно ќе можеме да чуеме кој каков став има за најважните прашања за државата. Моите ставови веќе ги знаете, меѓутоа се надевам дека во среда ќе можеме да ги чуеме и ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на интерацијата на државата во ЕУ, односите со соседите и за односите во државата виз-а-ви другите етнички заедници.- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски очекува сериозна дебата за иднината на Македонија, со понуда за проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

Очекувам на тој дуел да презентираме како ја гледаме Македонија во следните децении, барем јас така ќе бидам подготвен и така ќе настапам. Очекувам успешен дуел кој ќе го привлече вниманието на граѓаните и ќе даде одговор на многу прашања коишто досега немале можност граѓаните да ги слушнат. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

ТВ соочувањето меѓу Ковачевски и Мицкоски ќе трае 2 часа, со еднаков простор за двајцата лидери. Досега дуели во студиото на Канал 5 меѓу лидерите на двете најголеми политички партии се одржуваа во три наврати, додека Зоран Заев беше претседател на СДСМ – во 2019, 2020та и последниот во септември 2021ва година, на еден месец пред локалните избори по кои тој си поднесе оставка од премиерската и партиската позиција.

Сиљановска: Граѓаните и Македонија треба да бидат повторни горди!

Македонија повторна горда. Ова е слоганот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата  за претседател Гордана Сиљановска кој го презениташе предмалку. 

Таа смета дека не само државата, туку и на граѓаните треба да бидат повторно горди. Таа обвини дека во земјава се правело културоцид.

притисни ентер