Бојана Атанасовска прашува : „Како можев?!“

Сфаќа од каде љубопитноста за деталите, но цврсто чува еден дел за себе.
По една ипол година, Бојана Атанасовска отвора ново поглавје во својот живот на тема музика. Се враќа и прашува: – Како можев?. Со музиката на Роберт Билбилов, низ текстот на новата песна, каде се потпишува Ксенија Николова, а околината залепи етикета коај асоцира на автобиографски корени. Периодот зад неа има дефиниција -  „бурен“. Беше под лупа на медиумите поради нејзиниот развод. Сфаќа од каде љубопитноста за деталите, но цврсто чува еден дел за себе. Во видеото во прилог, можете да ги погледнете изјавите од Бојана и Ксенија.

БМВ , Фолксваген и Дајмлер се казнети со 100 милиони евра

Германски регулатор денеска одреди казна од вкупно 100 милиони евра за водечките производители на автомобили БМВ, Дајмлер и Фолксваген за здружување во картел поради набавка на челични производи.

Помеѓу 2004 и 2013 година, овие производители на автомобили редовно се состануваат со производители на челик и други компании за снабдување со челик за да се договорат единствен износ на наплата по  набавна цена на челикот, соопшти Кабинетот за сузбивање на картели.

Додадоа и дека компаниите плаќале нелегални цени како резултат на картелските активности, барем до 2016 година.

Компаниите ги прифатија казните.

BMW објави дека ќе плати казна од 28 милиони евра. Според портпаролката,  Даимлер ќе мора да плати 23,5 милиони евра.

Останатите скоро 49 милиони евра одат на Фолксваген, најголемиот германски производител, од каде не сакале да коментираат за висината на казната, но изразија задоволство од завршувањето на истрагата и отстранувањето на правната неизвесност.

Канцеларијата за сузбивање на картелите забележува дека челичните производи купени од картелот по набавна цена , се користат при производство на коленести вратила, запчаници и шипки на управувачкиот систем, што претставуваат еден процент од крајната вредност на автомобилот.

Анкета на ЗСМ: 46 отсто од студентите на УКИМ земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар

Четириесет и шест отсто од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар.

 38 отсто од нив сметаат дека антибиотиците помагаат при лекување на сезонски грип, покажуваат резултатите од последното анкетно истражување што во изминатите два месеци го спроведе Здружението на студенти по медицина (ЗСМ).

Од Здружението соопштија дека по повод одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици (од 18 до 24 ноември) спровеле анкетно истражување во изминатите два месеци со цел добивање на информации околу степенот на познавањата на студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје за правилната употреба на антибиотиците и појавата на антибиотската резистенција. Со анкетата биле опфатени 1.024 испитаници. 

Околу 6000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцина против грип

Околу шест илјади граѓани се пријавиле преку системот „Мој Термин“ за бесплатна вакцина против грип.

Од утре стартува бесплатното вакцинирање против грип во оваа категорија се граѓаните над 65 години бебиња од шест месеци до пет години, бремени жени. Овие граѓани треба претходно да заминат кај својот матичен доктор и да закажат термин за вакцина.  

Вакцинацијата ќе биде во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и Чаир во пунктовите за редовна вакцинација на деца од 14 до 18 часот, а во здравствените домови термини ќе има и за во сабота.

Министерот за здравство објаснува дека има доволно вакцини за сите, а доколку не стигнат вакцини има најава и за донација. 

За пациентите кои не можат сами да дојдат до местата за вакцини, ќе може со закажување на телефонот 194 да бидат транспортирани до местата за вакцинација.

Сите оние кои сакаат да се вакцинираат приватно вакцината чини 650 денари.

притисни ентер