63 години ФБИ знаел за НЛО ?!

Од ФБИ порачаа дека една нивна белешка од 1950 година е најпопуларниот документ во нивниот систем Ваулт, електронската библиотека во која сите можеа да видат неколку документи од минатото.



Со повеќе од милион прегледи ,најпопуларна за јавноста е белешката во која се раскажува за еден непотврден извештај кој ФБИ никогаш не го истражила.

Во документот се споменуваат три летачки чинии најдени од еден пилот во Ново Мексико. Во секоја од летачките чинии се најдени суштества слични на човекот, облечени во сребрена униформа.

Во објавувањето на овој документ многу посетители ја посетија службената страница на ФБИ, за да го погледнат овој извештај, но од агенцијата тврдат дека се работи за измама од 1950 година , бидејќи во тој период биле многу популарни таквите приказни.

Во видеото поранешен американски воен ветеран зборува за своето искуство со вонземјани. Американската војска работи со вонземјани - вели тој и ги опишува вонземјаните како повитки од луѓето, многу бели, живеат од 600 до 800 години и не стареат како нас. Наместо да стареат тие растат, а максимумот во висината го постигнуваат пред крајот на животот. Погледнете го видеото од интервјуто за австралиска ТВ.


Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер