Бесими –Бенце: Соработка и поддршка за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими се сретна со Амбасадорот на Република Унгарија Јожев Бенце.

На средбата, вицепремиерот Бесими и амбасадорот Бенце ја истакнале успешната билатерална соработка, потврдени од серијата посети на високи претставници од двете земји во изминатиот период.

Амбасадорот Бенце ја потврди заложбата на Унгарија за целосна поддршка на европската интеграција на Република Македонија.

- Во тој контекст,соработката на политичко ниво треба да биде проследена со блиска соработка помеѓу државните институции од двете земји преку пренос на искуства во различни области во процесот на пристапување во Европската Унија, нагласил амбасадорот Бенце,  соопшти денеска СЕП.

Истакната е и взаемната подготвеност за продлабочување на економската соработка на Република Македонија со земјите од Вишеградската група, каде припаѓа и Унгарија, при што амбасадорот Бенце нагласил дека од јули 2013 година неговата земја го превзема претседателството со Вишеградската група. Биле разгледани и можностите за размена на искуства за нивниот модел во западниот Балкан.

Бесими и Бенце разговарале и за остварување почести средби на високо ниво во пресрет на објавувањето на Пролетниот Извештај на Европската Комисија и одржувањето на Советот на ЕУ.

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер