Млад виртуоз

Звуците на пијаното отсвирени од Никола Стојановски создаваат хармонија за вашата душа. На десетгодишниот Никола љубовта кон пијаното му носи меѓународни признанија.
Тој е еден од петте најдобри млади виртуози на светско ниво, признание кое го добил на последниот меѓународен натпревар “Млади вирутози“ во Софија, Бугарија. Мануето на Бах, Дер Лустиш Бауер на Шуман и Тажачка на Николовски се делата кои Никола ги отсвирел пред светската елита на класичната музика.

Вреден и работлив. Музиката едноставно тече низ неговите вени. Неговиот ментор во него гледа идно големо име на класичната сцена.

Гилелс, Рубинштајн, Хоровитц, Рахманинов се едни од најпознатите пијанисти во светот. Се надевам дека и младиот Никола ќе го пронајде патот до успехот за неговото име да биде запишано во низата на големите мајстори на пијано.

Северина со заводлива фотографија ја најавува новата турнеја

Северина со полна пареа се подготвува за нова турнеја.

Таа турнејата ја најави со заводлива фотографија на која позира во црн корсет, мрежести чорапи и високи потпетици.

„Подготвена за шоу“, најави пеачката со фотографијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ready for show🖤 #magictour #bajkazacijeluobitelj #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Во само половина час таа заработи преку 6.000 лајкови, а фановите во коментарите и не штедеа комплименти.

„Северина- најубава од Бомбај до Берлин“, „Преубава“, „Тооп“, се само дел од коментарите.

Славниот актер не сака да ја запознае својата ќерка

Познатиот холивудски актер Овен Вилсон, кој е познат по улогите во некои од најпознатите комедии има три деца со три различни жени.

Неговите фанови ги шокираше веста дека тој никогаш не ја запознал својата најмлада ќерка. Тоа го открила неговата поранешна девојка Варуние Вонгсвиратес за „Дејли Меил“.

 -Никогаш не ја запозна Лила. Тој помага само финансиски, но тоа никогаш не беше потребно. На Лила и треба татко. Иронично е што Овен постојано во филмовите глуми татко, а сопствената ќерка никогаш не ја запознал, рекла таа.

Варуние на актерот му порачала дека треба да издвои време за својата ќерка.

-Треба да ја видиш својата ќерка. Неверојатна е, многу пропушташ. Изгледа баш како тебе, истакнала таа.

Славниот актер во почетокот не ни верувал дека Лила е негова ќерка, па побарал да направи тест. Но откако е докажано дека тој е навистина татко, пред судот изјавил дека не сака старателство над детето. Славниот актер редовно одржува контакт со синовите од претходните две врски.

Хали Бери и стана опасна конкуренција на Џеј Ло

Таа напорно тренира за нова улога.

Хали Бери на Инстаграм често ја покажува својата фигура, а овој пат ги покажа и стомачните мускули, со какви малкумина можат да се пофалат.

Таа напорно тренира за нова улога. Пред нејзе е снимање на ММА драмата „Bruised“, во која не само што глуми туку и режира. Иако редовно вежба и пази на исхраната, во последно време таа ги интензивирала тренинзите, а резултатите се и тоа како видливи.

-Една од моите цели за филмот „Bruised“. Дефинирани стомачни мускули. Денес конечно ги имама, а чувството е неверојатно, напиша Бери во описот на една од фотографиите и ги поттикна фановите да постават своите фитнес цели.

Резултатот се исплател, а очигледно е и дека Џенифер Лопез добива конкуренција, барем кога се стомачните мускули во прашање.

притисни ентер