Лимузината на Барак Обама се расипа - возачот наточил бензин место дизел!

Лимузината на американскиот претседател Обама кој се наоѓа во Израел - се расипа! Тајната служба не објасни како тоа се случило, но Си Ен Ен јави дека наместо дизел во резервоарот по грешка бил ставен бензин!


- Едно од нашите возила има механички проблем. Затоа секогаш носиме по повеќе возила и повеќе опрема - изјави агентот на тајната служба Едвин Донован.

Си Ен Ен јави дека проблемот настанал поради тоа што возачот место дизел гориво резервоарот го наполнил со бензин. Тајната служба не сака да ги потврди причините за дефектот на претседателскиот автомобил.



Синовите на Џон Ленон и Пол Макартни снимија песна

Синовите на некогашните членови на поп-рок составот „Битлс“ - Џон Ленон и Пол Мекартни, објавија заедничка песна за познатиот парк „Примроус Хил“ во Лондон.

Џејмс Мекартни (46) и Шон Оно-Ленон (48) заеднички ја напишаа баладата „Primrose Hill“, пренесува лондонски „Телеграф“.

„Многу сум среќен што можам да ја споделам мојата најнова песна што ја напишав со мојот добар пријател Шон Оно-Ленон. Со објавувањето на оваа песна се чувствуваме како да се движиме сите заедно. Возбуден сум што ќе продолжам да споделувам музика со вас“, напиша Мекартни на Инстаграм.

Познатиот парк бил отворен во првата половина на 19. век на ритче во центарот на Лондон, а таму денес се наоѓа куќата на сер Пол Мекартни.

Пиоли пред реваншот со Рома: Ова е одлучувачки момент за европските амбиции на Милан

 Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, ги искажа своите очекувања за вечерашниот натпревар со Рома.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа, Милан загуби на домашен терен од Римјаните со резултат 0:1.

- Одам на овој натпревар со самодоверба бидејќи знам за што се способни моите играчи. Сигурен сум дека знаат што да прават на вакви важни натпревари. Мора да подобриме некои ситници во однос на првиот натпревар. Ова е одлучувачки момент за нашите европски амбиции. Мора да ги покажеме нашите најдобри квалитети на теренот и да ја исцедиме секоја последна капка пот, изјави тренерот на Милан.

Натпреварот на „Олимпико“ во Рим ќе почне во 21 часот.

За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела Македонија

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на цчерашниот ден биле казнети 140 возачи.

Како што соопштија од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

притисни ентер