Ќе се гради храм „Св.Нектариј Битолски“ и кино на браќата Манаки

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот Владимир Талески денеска во Битола ги промовираа проектите за изградба на храм „Св.Нектариј Битолски“ посветен на заштитникот на градот и на киното „Корзо“ на браќата Јанаки и Милтон Манаки.

Канческа-Милевска на средбата со новинарите истакна дека проектот ќе се реализира во заштитена зона, во непосредна близина на Јени-џамија и Саат-кула, за што од Министерството за култура има целосна поддршка.

- Проектот произлегува од барањата на граѓаните и е во координација со Македонската православна црква. Изградбата на еден сакрален објект е од големо значење за граѓаните на Битола и за целата држава. Проектот за заштитно конзерваторски основи е завршен од НУ Завод и Музеј и е предаден на општината, посочи министерката за култура.

Поддршка за реализација на иницијативата и изградба на храм „Св.Нектариј Битолски“ градоначалникот Владимир Талески добил и од митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

- Тоа ќе биде црква која нема да плени со својата големина, туку ќе плени со својата убавина. Ќе ги побараме најдобрите мајстори со најдобри материјали, во срцето на градот да подигнат храм на нашиот заштитник, со што ќе придонесеме за надградба на духовното живеење во нашиот град, истакна битолскиот градоначалник.

За време на посетата во Битола министерката Канческа-Милевска беше запозната со проектот и локацијата на која ќе се гради поранешното кино „Корзо“ на браќата Јанаки и Милтон Манаки.

- Се радувам што Битола повторно ќе го добие автентичниот изглед на киното на браќата Манаки, во кое ќе има и музејска поставка со што светската јавност и сите посетители што доаѓаат во Битола ќе може да се запознаат со творештвото на браќата Манаки и за се што тие направиле за Македонија и за светот, истакна Канческа-Милевска и потврди дека Кинотеката на Македонија подготвува ДВД-издание за творештвото на браќата Манаки кое наскоро ќе биде промовирано.

За иградба на киното „Корзо“ на браќата Манаки во првата фаза ќе бидат инвестирани 30 милиони денари од буџетот на општината.

- Реализираме проект кој им го должиме на браќата Манаки, реконструкција на киното што многу значело во минатото, но и денес. Имаме детален урбанистички план, постои проект, тендерот е завршен, а веднаш по изборите почнуваме со реализација на првата од трите фази за реконструкција на киното на браќата Манаки. Освен што ќе го задржи оригиналниот изглед на фасадата, внатре ќе има најсовремена техника и технологија, посочи Талески.

Изградбата на храмот „Св.Нектариј Битолски“ и на некогашното кино на браќата Манаки ќе има големо влијание врз локалниот културен развој и е еден од приоритетите на Владата и на локалната самоуправа. мт/хс/ 15:55

Израел нема да преземе одговорност за синоќешниот напад врз Иран, објави „Џерузалем пост“.

Израел нема да преземе одговорност за нападот синоќа врз објект во централниот дел на Иран, објави израелскиот весник „Џерусалем пост“.

Извори од израелската служба за безбедност и од Владата на Израел за весникот рекоа дека причините за тоа се „стратешки“.

Весникот ги цитира зборовите на своите извори: „Око за око, заб за заб. Израел одговори таму, од каде беше нападнат“.

Според извори на весникот, Иран говори за „експлозија во фабрика“, а не за ракетен напад, бидејќи сака да избегне ескалација на тензиите. За доушниците на „Џерусалем пост“ не е јасно зошто Пентагон им открил на американските медиуми дека Израел бил вмешан во нападот - според нив, од САД можеле да молчат, со што би го зачувале достоинството на Иран, а и самите Американци ќе избегнат ескалација на тензиите.

Во информацијата на „Џерусалим пост“ се вели дека во следните 24 часа премиерот на Израел и Бенјамин Нетанјаху, целото раководство од областа на безбедноста и дипломатијата биле во воената база „Кирја“ во Тел Авив, каде договарале дејствија со партнерите од регионот Јордан, Египет и Саудиска Арабија.

Весникот пишува дека земјите од регионот објавиле пред Израел дека доколку Иран нападне, тие се подготвени да помогнат. Според информациите на „Џерусалем пост“, Израел ги информирал САД за нападот. /МИА

РСБСП: Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. 

Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала возраст. Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува:

· запознајте ги децата со сообраќајните правила и прописи,

· разговарајте со децата за нивното однесување во сообраќајот и за правилноста на постапките, укажете им како можат да ги намалат или избегнат ризиците по нивната безбедност во сообраќајот,

· укажете им на децата дека коловозот треба да се преминува само на обележан пешачки премин,

· помалите деца во сообраќајот треба да се движат држејќи за раката возрасен,

· децата во сообраќајот треба да се сконцентрирани (а не да користат мобилни телефони или слушалки) за да можат навремено и правилно да реагираат,

· пред да го преминат коловозот децата треба да застанат, да погледнат лево и десно, па дури откако ќе се уверат дека сите возила запреле и дека е безбедно, може да исчекорат за да преминат,

· укажете им на децата дека не е безбедно да се движат на паркинг за возила или да го преминуваат коловозот помеѓу две паркирани возила затоа што можеби возачите нема да можат да ги забележат,

· вклучете ги децата во одлучувањето кога и каде е безбедно да се преминува коловозот,

· препорачливо е децата да носат светла облека или облека со рефлектирачки делови за да бидат повидливи во сообраќајот,

· бидете пример за совесно и одговорно однесување во сообраќајот затоа што децата најчесто учат т.е. земаат пример од однесувањето на другите.

Заеднички да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

- Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола... За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.

притисни ентер