Нови простории за богатиот книжен фонд на библиотеката во Охрид

Богатиот книжен фонд на Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид добива нови простории, кои денеска на оваа национална установа и ги предаде министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Таа истакна дека со новите простории покрај решениот проблем за сместување на книгите, ќе се подобрат и условите за севкупното работење на установатa.

- Во новиот двокатен простор од 200 метри квадратни ќе биде сместен целиот книжен фонд на библиотеката. На долниот кат ќе се наоѓа детско одделение, со пулт за информации, читална за деца и санитарен јазол. На горниот кат ќе биде сместен книжниот фонд за возрасни читатели, со пулт за информации, две канцлеариски простории за потребите на вработените, а предвидена е и современа читалница наменета за возрасни, каде на сите граѓани ќе им бидат достапни сите дела од богатиот фонд на библиотеката, рече Канческа-Милевска.

Министерката информираше дека старите простории во кои досега се наоѓаше библиотечниот фонд се планира  да бидат пренаменети во сала за симпозиуми,  постојната  читалница да се преуреди во читалница за студенти и во еден дел во интернет-читалница. Плановите се во согласност со проектот за кој Министерството издови и средства.

Библиотеката „Григор Прличев“ има богат книжен фонд од над 150 илјади наслови, меѓу кои исклучително ретки книги каков што е и примерокот на „Прохорпчинското евангелие“ од 14 век.

- Поради потребата од нејзина конзервација, книгата се наоѓа во Универзитетската библиотека во Скопје, се реставрира, така што до крајот на оваа година, по завршувањето на нејзината конзервација, ќе биде вратена во Охрид, рече ресорната министерка.

За време на работната посета на Охрид таа ги предаде во употреба и новите панорамски телескопи поставени на ѕидините на Самоиловата тврдина, какви што веќе има на повеќе  туристички локации низ земјата.

Заедно со канидидатот за градоначалник на Охрид Никола Бакрачески, Канческа-Милевска  го посети и локалитетот „Плаошник“ и изрази задоволтво од динамиката на градежните активности на големиот проект за реконструкција на Светиклиментовиот универзитет. Според договорот со новиот изведувач, предвидено е за 28 месеци да биде завршен поголемиот дел од градежниот зафат.

Русија го тестираше најмоќниот мразокршач на светот!!

Рускиот мразокршач „Артика“ на нуклеарен погон е најавен како најмоќниот брод од овој тип на светот. 

Бродот симбол на амбициите на Москва кон Северниот пол се врати во пристаништето во Санкт Петербург по дводневното пробно патување.

Овој моќен брод ќе биде наменет за транспорт на течениот природен гас од областите на Северниот пол. Бродот е долг 173 метри, висок 15 метри и има депласман од 14000 тони.

-Артика два дена беше во морето поради тестирања на алгоритамите за работа на уредите на бродот и маневрирањето, соопштил Мустафа Качка, директорот на „Атомфлот“ компанијата задолжена на руската флота на мразокршачи.

Иако има нуклеарен погон „Артика“ на ова дводневно патување користел дизел мотори.

Инаку, според зборовите на градителите овој моќен брод може да пробие лед дебел 2,8 метри.

Завршните тестирања на „Артика“ се закажани за март и април во 2020 година, а бродот се очекува да биде пуштен во употреба во мај во 2020 година.

Загадениот воздух ги затвори училиштата во Техеран

Иранските власти наредиле во недела да се затворат сите училишта во Техеран и повеќе градови низ земјата поради екстремно загадениот воздух.

Техеран веќе неколку дена е обвиен од сив дим, загадениот облак синоќа можел да се види да 20 километри оддалеченост од градот, пренесе Франс прес.

Гувернерот на провинцијата Техеран, Мохамед Тагхизадех донесе одлука за затворање на сите училишта во главниот град поради загадувањето на воздухот кое е штетно по здравјето на луѓето, информира иранската агенција Ирна.

Власта ги повика децата и повозрасните лица да останат во своите домови. Исто така не се препорачуваат спортски активности на отворено.

Мицкоски: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот

Економијата тоне, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој додаде дека годината која била најавувана како економска е всушност најсиромашна и најтешка за живот. 

Лидерот на опозицијата денешната прес конференција ја посвети на економската политика на власта, со цел, како што вели, да ги разобличи лагите на Заев искажани на партиската трибина на СДСМ.

Увозот во вториот квартал е зголемен за 12% во споредба со лани, БДП е далеку од посакуваната бројка, за да се оствари енормниот буџет ќе фалат пари, обвини Мицкоски, кој спомена дека Заев потфрлил и со привлекувањето странски инвестиции.

 Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски го повтори и предлогот за усвојување резолуција во Собранието, за заштита и потврдување на автентичноста на македонскиот јазик. Според него, Заев продолжува со капитулантски чекори, но јазикот не смее да се најде на маса на преговори.

Претседателот на опозициската партија заклучи дека од април граѓаните ќе видат што навистина значи нулта толеранција кон криминалот и корупцијата и најави економска политика во чиј фокус ќе се капиталните инвестиции и соодветното даночење на стопанството.

притисни ентер