Неделата на франкофонски филм

Со проекција на францускиот филм „Готвачката на Претседателот“ во режија на Кристијан Венсан, снимен во 2012, вечер во Кинотеката на Македонија ќе почне манифестацијата „Недела на франкофонски филм“ во организација на Францускиот институт во Скопје.
Филмската манифестација се одржува по повод 20 Март - Меѓународниот ден на франкофонијата. Се организира во соработка со  дипломатските претставништва на франкофонските земји, ТВ-мрежата АРТЕ и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА-Скопје.

Утревечер ќе биде прикажан швајцарскиот филм „Детето одозгора“, в петок е бугарско-швајцарско-германската копродукција „Балканска мелодија“. Во сабота, 23 март, ќе има два филма - од 19 часот е белгискиот „Џинови“, а од 21 часот грчкиот „Невести“, а в недела во терминот од 20 часот на програмата е унгарскиот „Таксидермија“.

Француско-австрискиот филм „Густав Малер, аутопсија на еден гениј“ ќе биде прикажан во понеделник, а наредниот ден е проекцијата на канадскиот филм „Господин Лазар“. Неделата на франкофонски филм ќе заврши во среда, 27 март, со омажи за Владо и Љубе Цветановски - првиот омаж е документарен филм режиран од екипа на ЕСРА, а вториот -„Мојот татко Изет“ е филм во продукција на МТВ. 

Во рамки на манифестацијата ќе биде поставена изложба на плакати од француски филмови од Бугарија. Неделата на франкофонски филм официјално ќе ја отворат француската амбасадорка Лоренс Оер и бугарскиот амбасадор Иван Петков.

Мицкоски во Загреб се сретна со Бојко Борисов

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во рамките на конгресот на ЕНП оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, се наведува во партиското соопштение.

Според соопштението ,на средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Македонија, односите помеѓу двете држави, но и Европската перспектива на Македонија.

Мицкоски истакна дека членството во Европската Унија е од стратешки интерес за Република Македонија и клучната стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Имајќи го ова во предвид тој посочи дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ после 12 април, темелно ќе работи на спроведување на структурни реформи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Македонија се соочува со сериозни проблеми на поле на владеење на правото, висок степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта како и неказнивоста при случаите на висока корупција. Притоа тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на реформи во правосудниот систем кои ќе го доведат македонското правосудство на ниво на европскиот стандард.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека е за продлабочена соработка базирана на рамноправни основи и взаемно почитување.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Климатските промени до 2050. ќе ја чинат светската економија илјадници милијарди долари

Климатските промени до средината на овој век, глобалната економија би можела директно да ги чини 7 900  милијарди американски долари преку бавен раст и загрозена инфраструктура заради честите суши, поплави и лошите приноси.

Индексот за отпорност на климата го објави  Economist Intelligence Unit (EIU)  и ја мери подготвеноста на 82 најголеми светски економии да се справат со климатските промени. Анализата ја проценува нивната директна изложеност на загуби како резултат на честите екстремни временски прилики што се резултат на овие промени.

Истражувањето покажа дека, според сегашните трендови, глобалната економија ќе има намалена вредност за околу 3 проценти до 2050 година, како резултат на ефектите од затоплувањето.

Аналитичарите пресметале дека со зголемувањето на температурата, глобалната економија ќе достигне 250 000 милијарди американски долари во 2050 година, во однос на  258 000 милијарди американски долари колку што би вредела доколку не би се појавиле негативните влијанија на климата.

Африка, чиј БДП би можел да падне за 4,7 проценти до средината на век, е најголемата закана, според ЕИУ.

Помалку развиените земји обично се помалку флексибилни од побогатите, заклучуваат тие.

САД, најголемата светска економија треба да бидат во групата земји со најмалку лоши последици, велат аналитичарите на ЕИУ, истакнувајќи дека актуелниот претседател Трамп ги потценува активистите против  климатските промени.

БДП на Русија,пак, ќе падне за 5 проценти до 2050 година, а земјата „ќе претрпи потешки последици од повеќето заради негативните ефекти од климатските промени“. Ова е точно дури и ако се земат предвид потенцијалните придобивки од зголемената земјоделска активност, посочуваат во анализата на ЕИУ.

Скандал на британскиот двор - Принцот Ендрју се повлекува од јавниот живот поради педофилска афера

Британскиот принц Ендрју објави дека се повлекува од јавниот живот, односно „се откажува од сите свои јавни должности во блиска иднина“.

Тој објави дека неговата поранешна афера со Џефри Епштајн станала голема непријатност за кралското семејство.

Принцот, исто така, побарал од неговата мајка, кралицата Елизабета Втора дозвола за да се повлече.

Принцот Ендрју се поврзуваше со педофилот Епштајн како учесник на забавите на Американецот , кои ги правел на острови и на кои имало голем број малолетни девојчиња , кои им ги набавувал на своите познати и богати клиенти. на една од овие забави учествувал и принцот Ендрју , а за тоа сведочење една од девојките , кои му ги исполнувале сексуланите желби на принцот. 

притисни ентер