Врачена наградата за театарска критика на Христо Петрески

На Христо Петрески, критичар и есеист, писател, издавач и универзитетски професор денеска му беше врачена наградата „Ерго СУМ“ за серијата објавени театарски рецензии во текот на 2012 година. јави МИА.

Наградата за театарска критика ја доделува списанието за уметност „Сум“.

Наградата (уметничка слика, статуетка и плакета) на Петрески му е доделена за објавените театарски рецензии за претставите „Хасанагиница“, „Животот на Молиер“, „Хенри Шести“, „Госпоѓица Јулија“, „Енциклопедија на изгубеното време“, „Човекот перница“, „Генетика на кучињата“, „Декамерон“, „Јустинијан Први“, „Домот на Бернарда Алба“ итн.

На доделувањето на наградата на Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА во Скопје, Трајче Кацаров, член на жири-комисијата и главен и одговорен уредник на „Сум“ рече дека списанието е омаж на многу македонски автори кои даваат свој сериозен прилог кон она што значи автентичен од на македонската книжевност, но и на многу светски автори.

- Кога правиме омаж не тргнуваме само од она што тој претставува во литературата туку поаѓаме и од некои други човечки особености, од семејството, неговиот прилог од неговата професионална ориентација...Последниот 71 број на „Сум“ го посветивме на современата српска поезија. Наградата за театарска критика е дадена за 2012 година во која Христо Петрески беше најприсутен театарски критичар, истакна Кацаров.

Во најновиот број на списанието „Сум“, добитникот на наградата за театарска критика е претставен со театарски дневник од рецензии за петнаесет претстави изведени во 2012 година.

- Токму со оваа награда ќе почнат да се раѓаат нови театарски критичари кои нема да бидат благонаклонети кон театарот. Не е критичар тој што ќе напише позитивна критика, критичар е тој што ќе ја оцени претставата. Мислам дека Христо Петрески има таков сенс, додаде Кацаров.

Ректорот на Универзитетот ЕСРА и претседател на жири-комисијата Јордан Плевнеш рече дека Христо Петрески го води секторот театарска и филмска критика на Универзитетот во постдипломските студии.

- Тој имаше импресивна дејност минатата година и наградата е заслужена, посочи Плевнеш.

Петрески заблагодарувајќи се за наградата рече дека се чувствува малку преморено и малку разочарано.

- Во Македонија да си критичар, не мора да си театарски, воопшто не е пријатно. Еден од првите критичари на кои јас во тоа време му се воодушевував беше Јордан Плевнеш. Кога го пишувате текстот морате многу нешта да ги кажете меѓу редови. Позицијата на критичарот е многу бедна. Денес ни основните трошоци за пат нема да ви ги платат, а не повеќе од тоа. Блиску сум до идејата наскоро да објавам книга „100 театарски рецензии“, посочи Петрески.

Тој неодамна ја објави книгата „Македонска театарска критика“ во која се застапени 15 истакнати македонски театарски критичари.

Наградата „Ерго СУМ“ во иднина ќе биде традиционална, а годинава се доделува во пресрет на 27 март, Светскиот ден на театарот.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер