Македонски балетски уметници на гала-концерт за јубилејот на нивните колеги од Србија

Македонски балетски уметници вечер ќе гостуваат на гала балетски концерт во Народно позориште во Белград, по повод 50 години постоење на Здружението на балетски уметници на Србија.
Како што соопшти МОБ, во првиот дел од концертот ќе настапи македонската солистка Ивана Коцевска која со солистот Јован Веселиновиќ од Србија ќе одигра адаџо од балетската претстава „Самсон и Далила“.
 
Во вториот дел од концертот белградската публика ќе види адаџо од  претставата  „Шехерезада“ со настап на првенката на МОБ Александра Мијалкова и солистот Васил Чичијашвили од Грузија.
 
Здружението на балетски уметници на Србија е единствено репрезентативно и врвно еснафско здружение во сферата на уметничкиот танц во Србија. Основано е во 1962 година. Во својот состав опфаќа професионални танчари, кореографи, балетски педагози, репетитори, критичари и теоретичари, со цел заштита на заедничките интереси, унапредување на професијата, презентации и афирмации на уметничкиот танц.

По само пет месеци , падна владата во Молдавија

Со изгласување недоверба , денеска падна владата на Молдавија по само пет месеци откако проевропската премиерка Маја Санду ја презеде функцијата.

Владата падна откако 63 од 101 пратеник гласаа за недоверба.

Пред пет месеци, Санду формираше несигурна коалиција со проруската социјалистичка партија, но алијансата се распадна заради предложената реформа на именувањето на јавен правобранител.

Партиите сега имаат 90 дена да формираат нова влада. Доколку не успеат да се договорат, ќе бидат распишани нови парламентарни избори.

Земјата со 3,5 милиони луѓе, сместена помеѓу Украина и Романија, доживува една криза по друга, по загубата од една милијарда американски долари во 2014 година, што исчезнаа од финансискиот систем на земјата, која фрли сомнеж врз политичарите.  Санду, поранешен економист на Светската банка со образование стекнато на  Харвард, е позната по решителниот став против корупцијата и формираше коалиција со социјалистите по неизвесните избори за да ја отстрани од власт партијата предводена од финансиски моќник.

Таа се залагаше за пристапување на Молдавија во Европската Унија, додека лидерот на социјалистите Игор Додон се залага за поблиски врски со Москва.

Плоштадот Сан Марко во Венеција под вода (ВИДЕО)

Силното невреме и врнежите ја поплавија Венеција.

Венеција  денеска  е поплавена. Плимата се зголеми за еден метар до осум часот утрово и ги потопи главниот гхрадски плоштад и поголемиот дел од објектите низ градот.

Луѓето низ Венеција се шетаа во чизми и гумени мантили.

За делови од Италија, денеска е прогласен портокалов и црвен метео-аларм.

Делови од земјата се погодени од обилни врнежи од дожд и засилен ветер, а во повисоките области на Италија има и снег.

Премиерот Заев во четврток ќе учествува на годинашниот Самит во Солун

Претседателот на Владата , Зоран Заев, ќе учествува на годинашниот Самит во Солун, кој под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопиус Павлопулос, ќе се одржи на 14 и 15 ноември.

Премиерот Заев, на овој самит е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да земат учество на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи", која ќе се одржи во четврток навечер на 14 ноември.

Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора, се наведува во соопштението од Владата.  

притисни ентер