Петар Горко актер на годината!

Редакцијата на весникот „Дневник“ го избра Петар Горко за Актер на годината во 2012-та, за улогата на Хенри Шести во истоимената претстава на Народниот театар-Битола.

Наградата (статуетка и вредносен чек од 60.000 денари) на Горко свечено ќе му биде врачена задутре во 20 часот во Македонскиот народен театар, а во негова чест ќе биде изведена претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов.

Петар Горко играше во третиот дел од трилогијата на Шекспир „Хенри Шести“ со која неговиот матичен, Битолски театар, во мај 2012 настапи на фестивалот „Светот за Глоуб“ на кој, во рамки на Културната олимпијада во Лондон, беа изведени сите 37 драми на Шекспир на исто толку различни јазици.

Горко ја оживеа насловната улога на добриот и нерешителен крал-верник, кому му пресудува подмолниот мечтател за круната Ричард. Во обновениот Шекспиров театар Глоуб, но со автентичен лик и конструкција како оригиналниот од 16/17 век, битолските актери го раскажаа на македонски јазик третиот дел од историската драма за граѓанската или Војна на розите (црвените и белите) во средновековна Англија и за борбите за превласт меѓу династиите Ланкастар и Јорк.

Првите два дела од трилогијата, режирана од Американецот Џон Блондел, ги одиграа театрите од Белград и Тирана. Македонскиот дел беше највисоко оценет од рецензијата на британски „Гардијан“.

- Претставата ги освои срцата и на критиката. Беше именувана како „инспиративна“, „бистра“, „стилска“ и „жизнерадосно инвентивна“. Нашиот Горко предизвика универзално одушевување и одобрување. Сцените на Хенри кон крајот на првиот чин беа изведени мудро и елоквентно донесени. Со тоа се согласи и престижниот „Гардијан“. Во својата анализа на настапот на битолчани, рецензентот вели тоа е „храбра продукција, со убави режисерски решенија и со добра глума на сите актери, каде што со стихот се владее суверено и прецизно, со до милилитар пресметана доза на хумор и иронија во мрачниот текст“, наведува „Дневник“ во образложението за наградата „Актер на годината“.

До настапот на Битолски, драмата „Хенри Шести“, која е од раното творештво на Шекспир, не била изведена во Лондон дури ни на англиски јазик. По повод гостувањето, ова дело на Шекспир првпат беше преведено на македонски јазик од проф. Драги Михајловски.

„Дневник“ ја востанови наградата „Актер на годината“ пред две години и ја доделува за најдобро актерско остварување. Прв лауреат, за 2010-та, беше актерот Дејан Лилиќ за улогата на „Хамлет“ во истоимената претстава на Драмски театар-Скопје. Награден за „Актер на годината“ во 2011-та беше Рубенс Муратовски за улогата на кралот Агамемнон во претставата „Геноцид 21“.

„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување

Квентин Тарантино веќе не планира да го снима „Филмски критичар“, проект за којшто претходно изјавуваше дека би бил неговиот последен филм како режисер. Во средата е потврдено дека режисерот го ставил проектот во мирување.

„Филмски критичар“ би бил десетти долгометражен филм на Тарантино. Бред Пит беше избран за главната улога, а во една прилика Тарантино рече дека филмот сместен во 1977 година е за човек кој пишува сериозни критики за порносписание. Гласините говореа дека Пит ќе игра лик сличен на оној во „Си беше еднаш во Холивуд“.

Не се знае кој проект би можел да го избере за свој следен филм, но Тарантино навестуваше дека е заинтерисиран за нешто „понискобуџетно“ и за помала публика.

- Видете, можеби ќе дојдам до навистина голема идеја. Но, во овој миг, идејата за помала публика ми е привлечна „од сите страни“, изјави ексцентричниот режисер.

Во 2022 година, тој објави и своја замисла за ТВ-серија од осум епизоди, но и тоа никогаш не се помрдна од таа првична точка на замисла. /МИА

Коалиција „Вреди“ : ДУИ преку началникот на СВР Тетово врши насилство и притисок

Седат Сулејмани од изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ денеска ја обвини ДУИ дека преку началникот на СВР Тетово врши насилство и притисок во 6. изборна единица.

-Криминалците и корумпираните на власт последниве денови го користат секој механизам за притисок врз граѓаните кои не ги поддржуваат или не излегуваат на собирите на ДУИ и нивниот Фронт. Оваа појава е уште поизразена во шестата ИЕ. Повеќе од еден месец Тетово се претвори во град во кој бандите се борат меѓу себе среде бел ден, каде што затворениците слободно се движат. Додека одредени полицајци секојдневно ги притискаат граѓаните од шестата ИЕ, дури и преку телефонски јавувања, да излезат на митинзи на ДУИ и да гласаат за ДУИ на претстојните избори. Сето ова се случува откако ДУИ на незаконски начин, го држи на функција шеф на Секторот за внатрешни работи, Шефик Бајрами, кој е познат како злобната и одмаздничка рака на ДУИ. Граѓаните во Тетово се изразително потресени од криминалот и настаните што се случија во Тетово откако Шефик Бајрами незаконски беше именуван шеф на Секторот за Внатрешни Работи, истакна Сулејмани на прес-конференција во Тетово.

Тој рече дека имајќи ги предвид секојдневните инциденти и случувања, директно го прашуваат министерот за внатрешни работи дали Секторот за внатрешни работи во Тетово и началникот Шефик Бајрами се под контрола на министерот за внатрешни работи?

-Дали ситуацијата и вработените во СВР Тетово се под контрола на началникот? Зошто началникот доброволно го прифати сопственото деградирање од функцијата „помошник директор“ во „началник на СВР“ Тетово и тоа само неколку дена пред формирањето на техничката влада? Од друга страна, ја прашуваме и ДУИ: Министерот бара Владата да го разреши првиот човек на СВР - Тетово, но Владата незаконски го задржува на функцијата. Зошто?!! Која е улогата на началникот на СВР Тетово назначен од страна на ДУИ?! Што очекува власта од овој началник?! Да обезбеди безбедност за време на изборниот процес или или да контролира камионите на јавните претпријатија во Тетово и Гостивар?! Или да создаде паника и небезбедност кај граѓаните?! Додека ДУИ ќе ни даде одговори на овие прашања, ние ќе им ги образложиме точните задачи на овој началник на СВР Тетово, именуван од страна на ДУИ, рече Сулејмани.

Тој покажа снимките и фотографиите од собирите на ДУИ на социјалните мрежи и медиумите, кои според Сулејмани се докази.

-Докажуваат дека овој началник има задача да менаџира со полицајците и полициските инспектори, одредувајќи кој треба да отиде во кој штаб на ДУИ треба да оди, имајќи ги лично под контрола тие полицајци дури и на собирите на ДУИ! Ви прикажуваме само дел од тие фотографии на кои можете лично да го видите првиот човек на СВР Тетово како се шета по партиски активности и врши притисок врз граѓаните но и врз вработените во полицијата. Овие се само неколку фотографии на самиот началник на СВР Тетово и на некои од инспекторите контролирани од него во некои штаби на ДУИ во Тетово и Гостивар, каде присутни биле и Ариф Асани и Ардит Џафе, кои, исто така, се советници во кабинетот на заминик министерот Назим Буши, изјави Седат Сулејмани.

Тој рече дека тие фотографии ќе ги испратат до сите амбасади и релевантни меѓународни институции, за да имаат појасна слика за ситуацијата за време на кампањата и колку демократски и коректни ќе бидат изборите во регионот на Тетово и пошироко.

Видео: Борба меѓу борбен пилот и систем за вештачка интелигенција

Воздухопловните сили на САД соопштија дека успешно ја ставиле технологијата на вештачка интелигенција во функција на пилот на борбен авион. Вежбата се случила во септември 2023 година.

Американската агенција ДАРПА (Агенција за напредни истражувачки проекти за одбрана) објави дека борбен авион контролиран од систем со ВИ успешно му се спротивставил на човек-пилот за време на пробната битка во воздух спроведена минатата година. ДАРПА почна да експериментира со примена на ВИ во декември 2022 година како дел од програмата „АЦЕ“ (Air Combat Evolution) и разви ВИ-систем способен самостојно да управува со борбен авион придржувајќи се до безбедносните протоколи на американските воздухопловни сили.

Брзиот напредок на оваа технологија предизвикува и загриженост за тоа како војската би можела да ги користи овие системи.

По извршувањето на борбените симулации со помош на ВИ, ДАРПА го тестраше и експерименталниот авион „Икс-62A“, во воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија.

- Борбата беше проблем што требаше да го решиме за да може да почнеме со тестирање на воздухопловни самоуправувачки ВИ-системи. Секоја лекција што ја учиме се однесува на секоја задача што може да му ја дадете на самоуправувачки систем, изјави Бил Греј, главен тест-пилот во Школата за пилоти.

Агенцијата што досега има завршено вкупно 21 пробен лет, соопшти дека тестирањата ќе продолжат и годинава. „Волстрит журнал“ минатата година објави дека Пентагон се обидува да развие ВИ-технологија за одбрана како надградба на својата флота беспилотни летала. /МИА

притисни ентер