„Птиците од ланските гнезда“ од Маџунков - „Роман на годината“

Романот „Птиците од ланските гнезда“ од академик Митко Маџунков во издание на „Три“, е годинашен добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“.

Одлуката ја донела жири-комисијата со тајно гласање по пет селекции од пристигнатите 46 романи кои се натпреварувале за престижната книжевна награда.
- Чувството да се добие оваа престижна награда е многу добро. Сметам дека во оваа ситуација наша, кога литературата е малку присутна во медиумите, кога нема соодветна рецепција и критичка мисла, речиси нема никаде рецензии, овој потфат на „Утрински весник“ е многу важен за афирмацијата на нашата култура воопшто, не само на македонскиот роман. На тоа треба да се истрае и целиот процес уште повеќе да се афирмира, со поголема присутност на авторите, со притискање за критички осврти итн. Мислам дека е тоа поентата. Бидејќи, романот како една сложена структура, меѓу другото, е и во функција на одбрана на јазикот, на неговата висока артикулација, а тоа е нешто што не' засега сите нас, вели лауреатот Митко Маџунков.
Во образложението за наградата од жири-комисијата во состав: Елизабета Шелева, претседател, Снежана Младеновска-Ангелков, Ефтим Клетников, Коле Манев и Катерина Богоева, членови, се вели дека романот „Птиците од ланските гнезда“ од Маџунков се издвојува од преостанатите романескни дела, според својата исклучително умешна, маестрално срочена композиција, во која се откриваат најдобрите карактеристики на полифонискиот роман.
- Романот на Маџунков е монументално книжевно остварување, кое опфаќа случувања од само еден единствен ден (недела), распоредени во 19 одделни поглавја, во кои среќаваме галерија впечатливи, машки и женски ликови, сместени во уметничкиот време-простор на еден, пластично насликан балкански град - Белград. Голем број од овие ликови се (речиси, донкихотски) упатени или поврзани со книгите (или, Библиотката, како нивен, легитимен Дом) - но, ниту еден од нив, нималку не е книшки (безживотен, стерилен) човек. Напротив! Секој(а) од нив, на себе-својствен, егзистенцијално обусловен начин, се соочува и се носи со сопствената обездоменост, или, подобро кажано, фрленост во една вознемирувачка, турбулентна низа епоха, на сурови промени и предизвици, се вели во образложението.
Според Жири-комисијата, „Птиците од ланските гнезда“ е урбан роман, речито сведоштво за денес актуелните, урбани луѓе и нивните судбини, роман за трагично осамените индивидуи, низ кои се прекршува колективната карма или осуденост на само еден, без-алтерантивен простор, време, нација, култура.
Во најтесен избор за доделување на ова високо почитувана награда за проза се најдоа романите „Резервен живот“ од Лидија Димковска и „Историја на луѓето што умреа од страв“ од Ермис Лафазановски.
Писателот и академик Митко Маџунков е роден во Струмица во 1943 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград на групата за општа книжевност и теорија на книжевноста. По дипломирањето, останал да живее во Белград каде што работел во Библиотеката на град Белград. Автор е на книгите: раскази: „Чудна средба“, „Уби го зборливото куче“, „Над троскотот облаци“, „Мирисот на земјата“, потоа куси прози „Меѓата на светот“, „Бегството и повторното раѓање на зографот“ и романите „Кула на ридот“, „Домот на Александар“, „Кон другата земја“.
Автор е на повеќе драми изведувани на театарските сцени и објавувани во посебни книги. Добитник е на наградата „Рациново признание“. Член е на Македонската академија на науките и уметностите.
Инаку, се оценува дека фактот што за годинашното издание за „Роман на годината“ конкурираа 46 романи, укажува дека во Македонија има богата романескна продукција, или како што ќе оцени жири-комисијата, се јавува една романескна скриптоманија.
Покровител на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, која изнесува 150.000 денари, и годинава е „Т-мобиле“.



Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 
притисни ентер