Есма: Разочарана сум, Империја повеќе ми се допаѓаше!

Во мојата 55 годишна кариера не сум доживеала да ми биде вратена песна - изјави Есма.

Малку сум разочарана од сето ова што се случува со нашето евровизиско претставување. Досега во мојата 55 годишна кариера не сум доживеала некој да ми ја врати песнaта, како што беше случај со „Империја“, која рака на срце мене повеќе ми се допаѓаше, но ете за се има првпат. Сепак и со интерпретацијата на „Пред да се раздени“ ќе можам на целата европска јавност да и покажам дел од моите вокални квалитети. Се надевам на голема поддршка од моите многубројни обожаватели и почитувачи во цела Европа, изјави Есма Реџепова за Нова Македонија.

- Есма ќе пее на ромски , но снимивме и верзија на македонски јазик. Јас ја напишав музиката и текстот за нејзиното парче, во кое таа сите ги повикува да танцуваат. За разлика од претходната песна „Империја“, сега песната има „џипси“ звук,, со лесен рефрен. А што се однесува до гласините дека Есма е лута, не е точно. Таа прифати да биде дел од овој проект и ги почитува одлуките на Македонската телeвизија и како вистински професионалец договореното ќе си го одработи до крај. Како и да е се надеваме дека ова ќе биде наша втора среќа и оти овојпат, се ќе помине во најдобар ред – изјави Симеон Атанасов кој го напиша делот што го пее Есма.

Македонската јавност ќе ја слушне песната „Пред да се раздени“ вечерва, откако вчера беше претставена за претставниците на медиумите.

Текстот е на Магдалена Цветковска Ена, а музиката ја напиша нејзиниот брат Лазар Цветковски, заедно со Дарко Димитров, во чие студио се снимаше нумерата.

Спотот за „Пред да се раздени“ во понеделник, заедно со песната, шефот на македонската евровизиска делегација Љупчо Мирковски, ќе им го предаде на преставниците на ЕБУ во Малме, Шведска.


Хрватска пратеничка избркана од седница бидејќи не носи маска

Одби да стави маска, па претседателот на Парламентот ја избрка од седница.

Хрватска пратеничка избркана од седница бидејќи не носи маска.

Одби да стави маска, па претседателот на Парламентот ја избрка од седница.

Ова се случи во хрватскиот парламент откако спикерот Јандроковиќ не успеа да ја убеди пратеничката Каролина Кришто да стави заштитна маска додека трае седницата.

Во изминатите месеци пратеничката од партијата на Мирослав Шкоро, е позната по расправиите околу оваа тема, бидејќи е скептик за заштитните мерки и не ги почитува, токму поради неа во хрватскиот парламент од почетокот на месецов се донесени построги мерки.

Битиќи и Вик Шоеб го потпишаа договорот за реализација на втората инвестиција на компанијата Вик

Вицепремиерот Битиќи и генералниот менаџер на Вик Шоеб го потпишаа договорот за реализација на втората инвестиција на компанијата Вик – Планирани вложувања од 2,5 милиони евра и вработување на 100 лица.

Германската компанија Вик, која од 2018 година со успех работи во технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп, денес потпиша договор за државна помош, со кој се предвидува нова, втора инвестиција на оваа компанија од 2,5 милиони евра и вработување на дополнителни 100 лица. Договорот за државна помош во име на Владата го потпиша вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, додека во име на групацијата Вик го потпиша генералниот менаџер на фабриката во Македонија, Вернер Шоеб.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека компанијата Вик, која работи во технолошко – индустриската развојна зона Алинци во Прилеп, во првиот циклус веќе реализираше инвестиција од 10,5 милиони евра, а во моментот во производните капацитети работат околу 250 лица.

„Изминатите три години, покажавме дека знаеме како се привлекуваат странски инвестиции, но и како се стимулираат на нови инвестиции домашните компании. Направивме изедначување на критериумите и овозможивме достапност до државна поддршка на сите компании, независно од потеклото на капиталот. Со овој процес не изгуби никој, а добивме сите. Овие денови сме сведоци, дека повеќе компании, домашни и странски, микро, мали, средни, но и големи, состојбата со корона вирусот, ја препознаваат и како можност, се охрабруваат и инвестираат во нови инвестициски проекти. Тоа особено ме радува, затоа што гледаме дека се изнаоѓаат креативни решенија за брзо прилагодување на компаниите на новите околности, но се гледа и стратешкото планирање за активностите во пост-ковид периодот“, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот се осврна и на вклученоста на Вик во проектот за дуално образование, кој во моментов како пилот проект се имплементира во 7 средни стручни училишта во соработка со 16 компании.

„Вик е една од компаниите која во средното училиште „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп отвори посебна паралелка за техничар за машинско производство, струка која според анкетите за работна сила е една од најбараните. Во истото тоа училиште, паралелки имаат отворено и други две компании, Гентерм и Витаминка, а наша интенција, како Влада, во наредните години, ќе биде реформирање на образовниот систем и имплементирање на дуалното образование насекаде во земјата, за да се создаваат млади, обучени и остручени професионални кадри, кои по завршувањето на образованието, а и за време на истото, ќе може да се вклучат на пазарот на трудот“, подвлече вицепремиерот Битиќи и ги повика сите компании да инвестираат во дигитализација, во нови технолошки процеси, да иновираат производи и услуги, со што ќе станат поконкурентни и на домашниот, а што е уште поважно на меѓународните пазари.

Генералниот менаџер на фабриката на Вик во Македонија, рече дека Вик групацијата во 2018 година донела одлука да префрли дел од своите производствени процеси од Азија во Македонија, што се покажало како добра одлука.

„Во последната година и половина бевме мошне успешни во производствениот процес и испораката на нашите производи коишто од клиентите се оценети како топ производи. Имавме испорака и квалитет коишто беа екстремно добри, значи имавме екстремно добри резултати. И во кризата предизвикана од коронавирусот Ковид - 19, успеавме да инвестираме во Северна Македонија, да го зголемиме капацитетот и да го надградиме производството и создадеме нови производи коишто ќе се прават во Македонија. Ова е всушност нашата главна цел, да одиме понатаму, да се насочуваме кон европските пазари и кон производи со европски квалитет. Но, ова не е само стратегија на Вик. Ова е јасно барање и желба коешто доаѓа од нашите потрошувачи во Европа. Немавме само релокација на производните погони од Кина во Македонија, туку исто така создадовме нови синџири на набавки. Набавуваме материјали од Македонија, од Бугарија, од Србија и од други места, а преферираме да соработуваме со локалните добавувачи од Македонија“, изјави генералниот менаџер на Вик Македонија, Вернер Шоеб.

Кабинет на заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања

КСС: Хронично болните се враќаат на работа без ажурирана проценка на ризик на работното место

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска изрази загриженост поради враќањето на хронично болните на работа без ажурирана проценка на ризик на работното место согласно новата биолошка штетност од Ковид -19.

Според КСС, со ова се прескокнува Законот за безбедност и здравје при работа и сите овие вработени се втурнуваат во голем ризик по нивното здравје.

Од Синдикатот посочуваат дека работодавачите треба да ја ажурираат проценката на ризик на работните места, особено во оние компании каде веројатноста на изложеност на Ковид-19 е поголема.

– Бидејќи сите работници без исклучок се изложени на новата биолошка штетност САРС- КоВ- 2 вирусот, дали помалку или повеќе, а веќе со светските студии е утврдено дека хронично болните развиваат потешка клиничка слика, а тие од денес се враќаат на работа, а работодавачите немаат направено проценка на ризик кој е основен предуслов за кои специфични мерки и активности, компаниите ќе ги преземаат за секое работно место индивидуално. На некои работни места хронично болните, согласно мерките, можат безбедно да ја извршуваат работата, но на некои работни места им е загрозено здравјето значително повеќе, додека на некои работни места воопшто не треба да работат хронично болни лица, а сето тоа се утврдува со проценката на ризик на работно место, велат од КСС. /МИА

притисни ентер