Видео: Црна Гора на Евровизија ќе фаќа поени на голотија?

Спотот за црногорската евровизиска песна е повеќе од провокативен.

Песната со која Црна Гора ќе се претстави на Евровизија 2013 во малме се вика „Игранка“, ја изведува групата „Who see“ а спотот кој е изработен за оваа песна е навистина провокативен. Погледнете!



Мицкоски од Берово: На 15-ти јули конечно ќе ја победиме сите заедно оваа ненародна и криминална власт

Мицкоски од Берово ги повика и досегашните поддржувачи на СДСМ за да се обедини целиот народ против проектот на СДСМ и БЕСА за федерализација на Македонија и нејзино крајно уништување.

Претседателот на најголемата политичка опција во државата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Берово ги повика сите граѓани да се обединат, и оние неопределените, па и оние досегашните поддржувачи на СДСМ, против проектот на СДСМ и БЕСА за федерализација на Македонија се до нејзино крајно уништување.

-Кога човек делува навидум разочарано треба да застане цврсто на нозе и да продолжи да се бори за она во кое верува. А тоа што во кое сите ние веруваме е онаа Македонија за која што сите сонуваме. Онаа нашата Македонија. И тоа не е лесна едноставна цел. Таа е многу голема цел. И повозрасните велат, колку што целта е поголема толку се искушенијата на патот за реализација на таа цел се поголеми. И кога ќе ви речат попусто се борите се а завршено, тоа не треба да ве обесхрабрува, а ќе има и такви. Тукутоа треба дополнително да ве мотивира да продолжите да се борите во остварувањето на вашата крајна цел. Но, јас чувствувам, една чудна енергија се обединува за обновата. Народот се сплотува како многупати во историјата, и кога било и потешко. Затоа и овој пат, заедно сите на 15-ти јули ќе победиме. Тука никој не треба да има дилема, порача Мицкоски.

Мицкоски од Берово ги повика и досегашните поддржувачи на СДСМ за да се обедини целиот народ против проектот на СДСМ и БЕСА за федерализација на Македонија и нејзино крајно уништување.

-Најпрвин да си ја ослободиме државата, а после ние ќе ви помогнеме да си ја ослободите партијата од овие кои што ви ја заробија. Нас после 15-ти јули ќе ни треба конструктивна опозиција. Опозиција која заедно со владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за интересите на Македонија. Ова не е само борба на два спротивни концепта, туку и борба помеѓу различни вредности. Ние нема да владееме со народот како што правеше СДСМ, туку ние ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе си ја обновуваме Македонија нашата татковина, рече Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Трамп за Кина: Нашите односи се нарушени, можеа да ја спречат епидемијата

Американскиот претседател Доналд Трамп денес оцени дека односите помеѓу САД  и Кина се „сериозно нарушени“, наведувајќи ја кризата со коронавирусот.

Тој рекол дека за сега не планира втора фаза од економскиот договор потпишан во јануари помеѓу двете светски сили.

Трамп повторно во изјава го обвини Пекинг за кризата со коронавирусот.

„Кина можеше да ја запре епидемијата со коронавирусот“.

Прашан за втората фаза од комерцијалниот договор потпишан после две години трговска војна тој одговорил:

„Не размислувам околу тоа за сега. Искрено, имам многу други работи за кои треба да мислам“.

Велешкиот суд му одреди притвор на Панчевски

Судот во Велес денеска му одреди притвор на поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Информацијата за Канал 5 ја потврдија извори од велешкиот суд, појаснувајќи дека притворот му е одреден затоа што тој не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител.

Пред една година скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со АКМИС-от, системот за управување со судските предмети во кривичниот суд. Предметот се суди во Велес за да се избегне евентуална пристрасност во Скопје поради тоа што Панчевски беше претседател на кривичниот суд.

притисни ентер