Видео: Лудо тест возење, маскиран шампион на NASCAR го смрзна совозачот

Еден од најдобрите возачи на NASCAR Џеф Гордон маскиран оди да купи автомобил, но претходно бара тест возење. На продавачот на автомобили од лудото возење му се смрзна крвта во вените!

Да не сте во кожата на продавачот на автомобили кај кого навидум неискусен возач побара тест возење.

Џеф Гордон беше маскиран со совршена маска. Настапи наивно велејќи дека автомобилот Шеви камаро кој сака да го испроба не е за него, премногу е силен, дури доби и охрабрување од продавачот да не се плаши.

Но кога седна зад воланот му приреди такво возење на недолжниот продавач што за малку ќе го удреше инфаркт!

Погледнете го видеото кое со скриена камера беше снимено за кампањата на Пепси макс!

Ти си луд, ќе те убијам, викаше преплашено продавачот на автомобили. Погледнете!


притисни ентер