Презентација на Кониковското евангелие во Букурешт

На Факултетот за странски јазици и литература на Универзитетот во Букурешт вчера беше презентирано Кониковското евангелие, на иницијатива на Лекторатот по македонски јазик во Букурешт и Амбасадата на Република Македонија во Романија.


На Факултетот за странски јазици и литература на Универзитетот во Букурешт вчера беше презентирано Кониковското евангелие, на иницијатива на Лекторатот по македонски јазик во Букурешт и Амбасадата на Република Македонија во Романија.

Монографијата за новооткриен текст од втората половина на 19 век, со исклучително значење за развојот на македонскиот стандарден јазик, ја промовираа професорите од македонскиот тим што работеше на изданието - Људмил Спасов и Максим Каранфиловски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Марија Чичева-Алексиќ од Институтот за старословенска литература.

Во заклучоците од презентацијата е наведено дека монографијата „The Konikovo Gospel/ Кониковско евангелие“ е содржајно издание од капитална важност за македонската јазична и културна историја. Го проучува македонскиот јазик надвор од границите на Република Македонија, а сведочи и за соживотот на населението што живее во регионот со кои се поврзува оригиналниот ракопис.

- Двојазично евангелие (на македонски и на грчки јазик), најрано современо македонско евангелие (на народен јазик). Јазикот во македонскиот дел од ракописот не соодветствува со говорот во ниту едно конкретно место во Егејска Македонија, туку претставува еден вид стилизација, како чекор кон стандардизација на еден македонски јазик врз поширока основа, вклучувајќи јазични елементи и од централните говори на западномакедонското наречје, информира Лекторатот за заклучоците од презентацијата.

Изданието содржи седум глави. Автори на воведот и описот на ракописот се Јоуко Линдстед од Хелсинки и Људмил Спасов од Скопје.

Лекторатот по македонски јазик во Букурешт соопшти дека гостите на настанот, професори и студенти од Букурешкиот универзитет и членови на Романската асоцијација на слависти, ги поздравил амбасадорот на Македонија во Романија Панде Лазаревски. На настанот му претходела средба на амбасадорот и ректорот на универзитетот во Букурешт, Мирчеа Думитру, на која разговарале за склучување договор за соработка меѓу универзитетите во Скопје и Букурешт.

Заеднички особини и својства на луѓето кои изневеруваат

Приватни детективи од САД откриваат дека повеќето неверни мажи кои ги следат, најмени од нивните партнерки, честопати повторуваат исти вообичаени работи пред да одат кај љубовницата.

Истражителот Реј Рано од Конектикат вели дека следењето мажи може да биде многу досадно, па лесно се сфаќа „шемата“ од показатели коишто редовно му укажуваат дека прељубникот е на пат кон љубовницата. Раскажува само за дел од нив.

- Ако тргнал да се види со својата љубовница, мажот обично претпочита чист автомобил... Редовно оди во пералница за автомобили... Неверојатно е колку често го прават тоа. Жените не толку. Жените ретко го перат автомобилот пред неверството, бидејќи најчесто мажите се оние кои сакаат да возат. Многу ретко гледам момчето да влезе во автомобил на жена, рече Рано за „Локд ин“ (Locked In).

Тој појаснува и како ги снима своите „мети“ без да забележат - на пр., ја лепи камерата во пластична чаша за кафе.

- Ако седнам во кафуле или влезам во супермаркет - каде и да треба да бидам, само го симнувам капачето (од чашата) и така изгледа како да шетам со кафе в рака. Всушност, снимам сѐ, изјави тој.

Откако ќе собере доволно докази, видеата и сликите одат кај тој или таа што му плаќа.

Според истражување на „Ју-гов“ (YouGov) од 2022 година, 54 отсто од Американците откриле дека биле изневерени во моногамна врска - емоционално, физички или и двете. Приватниот детектив Арон Бонд вели дека дури и пред да го најмат за неговите услуги, луѓето кои се сомневаат во својот партнер ги забележуваат истите знаци.

- Кога партнерот ќе почне да се однесува поинаку со мобилниот телефон, тоа е знак дека можеби нешто не е в ред. Ако почне да го носи телефонот насекаде, дури и низ дома, или измислува изговори кога го / ја замолувате да Ви го даде телефонот, тоа може да биде знак дека тој / таа е во неверство, вели тој.

Следен признак на неверните луѓе е тоа што покажуваат помал интерес за партнерот. Заеднички поминатото време е сѐ помало, не покажува многу возбуда кога ќе Ве види, се повлекува, не сака да зборува за настаните од својот ден итн.

- Ако чувствувате дека Вашиот партнер одеднаш Ве избегнува и не сака повеќе да ги прави вообичаените работи со Вас... Тоа се предупредувачки знаци. Партнерите често ги избегнуваат своите сопружници или им кажуваат помалку за својот ден, бидејќи е невозможно да се запомнат сите лаги, објаснува професионалниот детектив.

И зголеменото и намаленото либидо може да биде признак за тајната.

- Прељубниците честопати се помалку заинтересирани за секс дома, бидејќи веќе го имаат надвор. Но, понекогаш може да бараат и повеќе секс дома затоа што се чувствуваат виновни. Тие го користат водењето љубов за да ја сокријат својата измама, вели Бонд.

Натаму, стресот од изневерувањето и чувањето сè внатре - може да предизвика многу негативни емоции коишто потоа ќе се излеат на површина во облик на вербални напади кон сопружникот.

- За да се ослободат од тензијата што ја чувствуваат внатре, ќе се обидат да се убедат себеси дека Вие сте проблемот и од никаде стануваат критички настроени кон вас, појасни Бонд.

Сепак, тој предупредува оти секоја врска е различна и дека овие знаци може понекогаш да укажуваат и на други, сосем различни проблеми. /МИА

Стапката на наталитет во Италија се намалува

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или пад од 3,6 отсто.

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Просечниот број деца по жена се намалил од 1,24 во 2022 година на 1,2 во 2023 година, а историскиот минимум е забележан во 1995 година, кога се родиле 1,19 деца по жена. /МИА

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

притисни ентер