Прилеп е подготвен за Прочка

Прилеп е подготвен за 12. меѓународен карневал „Прочка 2013“. Карневалските свечености почнуваат уште во петок за во недела да се одржи големото меѓународно дефиле на маските, беше соопштено на денешната прес- конференција во локалната самоуправа.

-Карневалот е еден од најголемите културни брендови на Прилеп. Тој е спој на традицијата и на модерното, на вековните обичаи, посебно обележје на градот и околината. Годинава очекуваме огромна посетеност и многу маскирани, вели Снежана Ристеска, советник за култура.

В петок е големата изложба на маски на учениците од прилепските училишта во Домот на културата „Марко Цепенков“. Во сабота во центарот на градот е големата парада на мажоретки, кловнови, жонглери, пантомимичари, а во недела на булеварот ќе дефилираат како што се очекува околу 3.000 маскирани. Досега веќе околу 2.000 се пријавиле.

-Очекуваме гости од сите македонски карневалски градови и од странство. Од Корча Албанија, од Шабац, Лесковац, Нови Сад, Врњачка Бања, Бања Ковиљача сите од Србија, четири групи од Хрватска од кои две од Брач и по една од Лудбрег и Ријека, од Разлог Бугарија, за првпат од Птуј Словенија. Годинава за прв пат ни доаѓаат гости од Воден, Грција. Токму таму прво утре „Прилепските мечкари“ ќе заминат во посета. На дефилето в недела ќе бидат прогласени најдобрите поединечни и групни маски. Ќе се доделат 15 награди, изјави Ристеска.

Претседателот на карневалот Ванчо Георгиев нагласи дека карневалот ќе трае и во понеделник кога гостин ќе биде и претседателот на федерацијата на европските карневалски градови Ван дер Крон, а според традицијата на гостите ќе им се служи посен касапски грав за ручек.

Инаку, неодамна „Прилепските мечкари“ беа во словенечкиот град Птуј каде најпознатата маска - мечкарите ја доби првата награда на фестивалот.

Прилеп за годинашниов карневал Прочка очекува близу 30.000 гости и посетители.

Почнува кампањата за парламентарните избори

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за парламентарните избори. Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните денови.

Пред Собранието е Јана Јосифоска, Јана од каде тргнуваат изборните каравани на партиите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот народ

Денеска започнува првиот ден од изворната кампања за парламентарните избори. Денеска од тука, паркот во Ѓорче Петров сум заедно со Бојан Стојаноски и Габриела Калкова кои се на нашата листа за кандидати за пратеници.

Од тука сакаме да ги повикаме сите граѓани, не само од Ѓорче Петров, туку од целата ИЕ 2 да ни се приклучат.

Да ни се приклучат во оваа наша кампања, бидејќи ќе ја тераме секој ден една позитивна слика за Македонија ќе понудиме за граѓаните многу проекти и ќе понудиме подобар стандард за сите.

Ни ќе започнеме позитивно, како и секогаш.

Јас како носител во ИЕ 2 од секогаш кажувам дека на народот му треба надеж, му требаат промени, но му треба и позитива да види дека сме различни.

Доста беа црнила, доста беа црни сценарија во последниве седум години.

Видовме дека овие што се на власт ниту работат, ниту мислат добро за Македонија.

Затоа ние во нашата програма предвидуваме многу проекти.

Предвидуваме зголемени пензии уште во првата година за сите пензионери линеарно, но исто така повисоки плати, подобра здравствен систем, подобро образование, се разбира сите дечиња да имаат учебник и се она што секој еден граѓанин го засега.

Но, за да направиме историска победа ни треба поддршка од целиот македонски народ!

Таа победа би била победа за сите граѓани!

Треба Македонија да биде повторно твоја, да биде повторно на сите граѓани!

Затоа ги повикуваме сите ад се приклучат, бидејќи Македонија е во нивни раце!

Промените се во рацете на сите граѓани!

Промените стартуваат од тука, од Ѓорче Петров и насекаде во Македонија!, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

притисни ентер