Скопскиот аеродром најдобар во Европа

Скопскиот аеродром Александар Велики е најдобар во Европа по квалитетот на услугите во категоријата до 2 милиони патници.

 
 Наградата ја доделува Меѓународниот аеродромски совет , а признанието  за 2012 , е добиено врз основа на одговорите од патниците  за квалитетот на услугите  -  љубезноста , времето за пасошка контрола , хигиената, аеродромските услуги.  Доказ за  успехот е и постојаниот раст на патници кој лани изнесувал над 900 илјади велат од компанијата.   
„Нашата цел е да достигнете патници  од еден милион во 2013 година “ изјави Мурат Орнекол, главен оперативен директор на холдингот ТАВ аеродроми.
  
Од скопскиот аеродром  моментално има летови до  27 дестинации, а мината година патниците најмногу патувале преку Виз ер, а најфреквентна дестинација  бил градот Цирих. Најмногу летови  биле реализирани на 23 декември, дури 46, а најмногу патници  47 46  на 4 август. Министерот за транспорт и врски,   Јанакиески   изјави дека наградата е резултат од на реализација на проект за модернизација на аеродромот, а задоволна е и министерката за внатрешни работи за високите оцени на пасошката контрола.  
 
„Владата направи сериозен чекор во развојот на воздухопловството што подразбираше изградба на нова терминална зграда, паркинг простор, карго-терминал и други објекти. Посветено работиме на привлекување на нови ниско- тарифни авио компании и ќе продолжиме во насоката, Владата да помогне во плановите на ТАВ Аеродроми, бројот на патници за оваа година да достигне еден милион, имајќи предвид дека капацитетот на аеродромот е четири милиони патници“,  изјави Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски
 
„Аеродромот доби високи оценки за времето на чекање на пасошките контроли, љубезноста, услугата како и чувството на сигурност и безбедност. Во 2012 година аеродромот го посетиле 840 илјади патници од кои 200 илјади странски државјани. Ме радува и фактот што и лицата од соседните земји, заради квалитетот, ги користат услугите на нашиот аеродром“,  изјави Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.
 
Признанието е добиено во конкуренција од 275 аеродроми, а наградите  се доделуваат во 4 категории, најдобар аеродром во регион, најдобар аеродром во регионот, со помалку од 2 милиони патници, по големина и најзначајно подобрување.
 

Министерот Нуредини на Самит за води во Будимпешта се сретна со шефот на дипломатијата, Сијарто

Делегација на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводена од министерот Насер Нуредини учествуваше на Самитот за води, кој од од 15 до 17 октомври се одржуваше во Будимпешта, Унгарија. 

Централна тема на овогодинешниот Самит беше препознавање на преземените чекори, кои не се доволни за спречување на ескалација на кризата за вода, како природен ресурс што има огромно влијание на нашата сегашност и иднина.

Во рамките на престојот во Будимпешта, министерот Нуредини оствари повеќе официјални средби на највисоко ниво. На средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто се разговараше за поддршката на Унгарија за Македонија за добивање датум за предпристапните преговори, како и за континуирана соработка во областа на заштита на животната средина со особен акцент на управување со води, бидејќи Македонија и Унгарија имаат потпишано меморандум за соработка на полето на управување со води помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија и Министерството за рурален развој на Унгарија.

Нуредини се сретна и со постојаниот претставник на Швајцарска Конфедерација во Организација за храна и земјоделие на ОН, Пио Венубст, со кој разговорите беа во насока на значајната поддршка од страна на Швајцарската Конфердерација за заштита на животната средина и управување со водите, како и за проширување на истата. Остварена беше и средба со заменик претседателот на ОН за Води, Олкаи Унвер и регионалниот директор за Југоисточна Европа на Организацијата за храна и земјоделие на ОН, Владимир Рахмањин на која беше презентирана програмската рамка за животна средина и можностите за соработка во овој ресор.

На Самитот за води министерот Нуредини, исто така го посети и Саемот каде што оствари бројни контакти со компании за иновативни еко технологии, се наведува во соопштението од Министерството.

Хаос во Барселона : Протестираат и приврзаниците и противниците на независна Каталонија (ВИДЕО)

Полицијата очекува долга ноќ во Барселона и судири меѓу двете големи групи кои протестираат – приврзаниците и противниците на независноста на Каталонија.

Одборите за одбрана на Републиката (ЦДР), каталонска организација на застапници за независност, кои изминативе два дена насилно протестираа, организираа нов масовен протест во центарот на главниот град Барселона.

Во изминатите два дена тие оставија зад себе неколку запалени автомобили,барикади, а вчеравечер ја гаѓаа каталонската полиција со молотови коктели кога беа запрени на патот кон зградата на полицијата на Каталонија, каде сакаа да протестираат.

Тие бараат ослободување на затворените лидери на Каталонија осудени во понеделникот на затворски казни меѓу 9 и 13 години, поради референдумот за независност прогласена во 2017 година и заминување на шпанската полиција од Каталонија.

Од понеделникот, околу 250 луѓе се повредени во судирите со полицијата. Шпанскиот министер за внатрешни работи денеска објави дека 194 полицајци биле повредени во последните три дена. Приведени се 94 лица.

Попладнево, пак, групите за интегритет на Шпанија во другиот дел од градот излегоа на улиците во немири кои се одвиваа од понеделник.

 „На нив, кон нив“ и „Јас сум Шпанец, Шпанец“, викаат тие, носејќи шпански знамиња, додека полицијата мораше да ги смири со палки, а беа запалени и димни бомби. Припадниците на специјалната полиција се обидува да го спречи контактот на двете спротивставени групи демонстранти.


Мицотакис : Целосно го поддржуваме патот за членство во ЕУ на нашиот северен сосед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис пред пристигнувањето на самитот во ЕУ изјави дека го подржува евроинтегративниот пат на земјите од Западен Балкан.

,,Целосно го поддржуваме патот за членство во ЕУ на нашиот северен сосед, тие целосно ги почитуваат меѓународните договори што ги потпишаа, тие го почитуваат владеењето на правото и се разбира ги почитуваат правата на малцинствата.”, рече Мицотакис пред попладневниот состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел.

притисни ентер