Ел Масри по затворот доаѓа во Македонија - доби 60 000, ќе бара уште 50 000 евра!

Македонија веќе е обврзана да му исплати 60 000 евра со пресудата од Европскиот суд за човекови права. Масри ја тужи Македонија и во граѓанскиот суд во Скопје - бара 50 000 евра отштета.

Македонија ќе му ги исплати на Калед Ел Масри 60те илјади евра кои Европскиот суд за човекови права му ги досуди како отштета. Меѓуресорската комисијата составена од првите луѓе во македонското правосудство од денеска да започна со анализа кои мерки да ги преземе за да ја изврши изгубената пресуда во Стразбур. На следниот состанок во јуни се очекува да се дефинираат конкретни мерки и заклучоци- потврди владиниот агент во судот во Стразбур Костадин Богданов

- Стразбур не предлага ништо, остава на самите држави да ги преземат мерките затоа постои и оваа меѓу ресорска комисија, изјави Костадин Богданов, владин агент во Европскиот суд за човекови права.

- Треба да се преземат индивидуални и општи мерки за корегирање на состојбата за сите повреди. Под индивидуални мерки подразбираат да се доведе апликантот во состојбата во која бил претходно, да се репарира на некој начин. Под општи мерки подразбираат мерки за да не се повтори истата и слична ситуација.

Големиот судски совет во Стразбур во декември донесе пресуда со која утврди дека Македонија му ги прекршила човековите права на Ел Масри кога во 2003та го уапсила, задржала и предала на агенти на ЦИА. Според пресудата Македонија извршила тортура врз Масри, му ги попречила правото на слобода, на приватност и семеен живот и правото на постоење на ефикасни правни мерки.

Ова е прва пресуда за тајните активности на ЦИА во која е докажано дека една држава прекршувала човекови права при нелегалните активности на агенцијата

Масри ја тужи државата и во граѓанскиот суд во Скопје каде бара 50 илјади евра отштета. Тој во моментов е во германски затвор каде одлежува казна за физички напад на градоначалникот на Улм.

Според сознанијата на адвокатскиот тим до крајов на месецов би требало да ја одлежи казната по што ќе да дојде во Македонија да сведочи.

Зеленски побара Конгресот на САД да ја деблокира помошта за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон за „брзо усвојување“ на огромната „витална“ воена помош.

- Го информирав Џонсон за ситуацијата на бојното поле, посебно за драматичниот пораст на рускиот воздушен терор, истакна Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот висок претставник

Зеленски истакна дека американската воена помош за Украина е од витално значење.

Американската помош од 60 милиони долари е блокирана во Конгресот од минатата година од страна на републиканците. Џонсон, кој одредува кои нацрт-закони ќе бидат ставени на гласање во Претставничкиот дом, неодамна изјави дека ги испитува начините како да и помогне на Украина, додека Сенатот веќе одобри помош од 60 милијарди долари.

На 22 март руската армија го изврши најголемиот воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура од почетокот на инвазијата врз Украина, што почна пред две години. Според Зеленски, Русија минатата недела истрелала вкупно 190 проектили, испратила 140 беспилотни летала и фрлила 700 наведувани воздушни бомби на територијата на Украина. /МИА

Грчкиот Парламент не го изгласа предлогот на опозицијата за недоверба на Владата

Како што соопшти претседателот на Парламентот Константинос Тасулас тридневната расправа траеше над 40 часа, а се обратија 163 говорници, меѓу кои пратеници, министри од Владата и сите лидери на партиите. 

Предлогот за недоверба на грчката Влада доставен од четири опозициски партии, како што и се очекуваше, не го доби потребното парламентарно мнозинство, не беше изгласан од Парламентот и не создаде проблеми за владиното мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 300 пратеници во Парламентот, за да помине предлогот, потребно беше да биде изгласан со најмалку 151 глас, а на синоќешното гласање, поддршка доби од 141 пратеник кои гласаа „за“, додека пак останатите 159 беа против, од кои еден независен пратеник и целата пратеничката група на владејачката Нова демократија.

Пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода во вторникот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, поради новите информации за железничката несреќа во февруари минатата година кај Темпи, објавени од весникот „То вима“.

Како што соопшти претседателот на Парламентот Константинос Тасулас тридневната расправа траеше над 40 часа, а се обратија 163 говорници, меѓу кои пратеници, министри од Владата и сите лидери на партиите.

Текстот во весникот „То вима“ објавен во неделата за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада.

Синоќа, додека сè уште беше во тек расправата во Парламентот државниот министер Ставрос Папаставру и заменик-министерот без ресор Јанис Братакос си поднесоа оставки, кои беа прифатени од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Владини извори за грчките медиуми коментирале дека „присуството на социјален собир испратило погрешна порака“.

Оставките на Папаставру и Братакос дојдоа откако дел од грчките медиуми објавија дека двајцата министри се сретнале со бизнисменот Вангелис Маринакис, кој меѓу другото е сопственик и на групацијата чиј дел е весникот „То вима“ што во неделата го објави текстот за монтираните аудиозаписи по железничката несреќа. /МИА

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Во синоќешните израелски напади врз северниот сириски град Алепо загинаа најмалку 38 лица, меѓу кои и борци од либанското шиитско движење Хезболах.

Претходно сириското Министерство за одбрана соопшти дека при израелските напади погодени се неколку области во и околу градот при што загинале одреден број цивили и војници.

По нападот на Хамас на 7 октомври, Израел ги засили нападите врз базите на проиранските групи на територијата на Сирија. Во некои операции мета беа и позициите на сириската воздушна одбрана и армијата.

Израел со години спроведува слични акции во Сирија, каде што влијанието на Техеран се зголеми откако Исламската Република почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што изби во 2011 година. Борците од групите сојузници на Иран, како што е Хезболах, сега се зацврстија на големи делови од источна, јужна и северозападна Сирија, како и во некои предградија на главниот град. /МИА

притисни ентер