Османи: Кампањата е делумно фер

Предусловите за фер избори се делумно исполнети. За време на кампањата ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ трошат милионски суми и држат монопол во застапеноста по медиумите и нема рамномерност, изјави Руфи Османи лидер на НДП и канадидат за градоначалник на општина Гостивар за досегашниот тек на предизборната кампања.

Тој додаде дека заедно со кандидатите од неговата партија ќе се заложат за фер избори.

Османи и кандидатите за градоначалници од Шестата изборна единица го потпишаа кодексот на однесување за фер и демократски избори од кампањата "Каков белег ќе оставиме" во Гостивар.

- НДП, исто како и досега, ќе даде позитивен пример за унапредување на демократијата како предуслов за влез во ЕУ и НАТО. Важно е безбедносните структури да не бидат злоупотребени во прекршување на суштината на демократијата, односно слободното изразување на граѓаните, рече Османи по потпишувањето на кодексот.

На новинарско прашање какви забалешки има на досегашниот тек, лидерот на НДП, нагласи случаи во кои наводно се врши притисок на вработени во државната админстрација, за давање поткуп и лажни ветувања за вработувања, за што рече, убеден е дека странските набљудувачи ќе ги нотираат и ќе ги достават до власта во Брисел и Вашингтон.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер