Петронела Вајат, која Дејли меил ја нарече „Лолита од високата класа“ открива шокантни ситуации од времето кога имала 15 години. Таа контроверзно тврди дека уживала во вниманието на славните пријатели на нејзиниот татко и дека тоа е природно, иако била малолетна, и убедена е дека младите девојки можат да бидат исклучително манипулативни со возрасните мажи.
- Еден ден јас и татко ми бевме поканети во вилата на Лоренс Оливие која беше во близина на нашата. Сите отидоа да пливаат а јас и Лоренс останавме сами. Ме праша колку години имам - реков 15. Ми одговори:
San Quentin quail!
Прашав што е тоа.
- Забрането овошје драга моја. Штета. Имаш толку убава фигура.
Потоа ме викна да му седнам в скут, ме бакна, ми ги допре градите, па ме пушти со зборовите: Благодарам што беше добра кон стар човек!
Многумина ќе помислат дека сум била истрауматизирана за цел живот но јас бев поласкана! Му кажав на татко ми, новинарот и политичар Вудроу Вајат, а тој се насмеа: Стар ѓавол! Дали направи нешт друго?
А кога му реков дека ме бакна само ме праша дали уживав во тоа.
Многумина од славните и богати пријатели на татко ми ме заведуваа додека бев малолетна, а ако ги тужев до денеска ќе одев по судови - вели Петронела. Повеќе прочитајте
тука.