Николиќ – За десет дена ќе потпишеме договор со Приштина

Претседателот на Србија Томислав Николиќ по средбата со еврокомесарката Кетрин Ештон во Брисел изјави дека Приштина попуштила околу прашањето за надлежностите на српските општини на Косово и дека очекува договорот со Приштина да биде потпишан за десет дена.
Претседателот на Србија Томислав Николиќ по средбата со еврокомесарката Кетрин Ештон во Брисел изјави дека Приштина попуштила околу прашањето за  надлежностите на српските општини на Косово и дека очекува договорот со Приштина да биде потпишан за десет дена.

Според Николиќ ова ќе биде поттик за европската унија да ги  почне преговори со Србија за членство во унијата. Николиќ изјави дека Белград има право да и помага на српската заедница на Косово подобро да живее,  да има свое судство, но истовремено да биде и поврзано со Приштина.
Ешптон на 16 април ќе го претстави договорот пред членките на унијата.
 

МЗШВ: Целокупното договорено количество на тутун од реколтата 2019 ќе биде откупенo

Претставниците на откупните претпријатија порачаа да не се создава непотребна паника кај тутунопроизводителите и дека проценката на класите ќе се врши реално.

Целокупното договорено количество на тутун ќе биде откупено, најавија откупните претпријатија на денешниот работен состанок на кој присуствуваа министерот за земјоделство и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претставници од Стопанската комора на Македонија и Сојузот на здруженија на тутунари.

Претставниците на откупните претпријатија порачаа да не се создава непотребна паника кај тутунопроизводителите и дека проценката на класите ќе се врши реално.

Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Од Министерството за земјоделство информираа дека досега се откупени над 22,4 милиони килограми тутун во вредност од близу пет милијарди денари или повеќе од 85 отсто од договореното количество е веќе откупено. Од страна на откупните претпријатија исплатени се близу 4,7 милијарди денари, а просечната откупна цена е 221,9 денари за килограм, што, како што велат од Министерството, е највисока откупна цена во последните шест години.

Откупот се очекува да заврши до крајот на следниот месец, а како што се наведува во соопштението, на состанокот било истакнато дека не се очекува да има вишок на тутун. Засилени контроли на терен најавува и Државниот инспекторат за земјоделство.

Од реколтата 2019-та вкупно се засадени 13.342 хектари тутун и склучени се 32.798 договори со девет компании. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за шест отсто повеќе од реколтата 2018-та. Планираната количина за откуп е 26.729 тони, а издадени се 20.933 евидентни листови. /МИА

Дали пратениците ќе покажат волја да се донесе забрана за увоз на отпад како енергенс?

Дали Собранието ќе го изгласа законот за забрана на увоз на отпад кој вчера беше прескокнат на расправата во Собрание, бидејќи била потребна дополнителна консултација со институциите затоа што земјава е потписник на Базелската конвенција.

Лилјана Поповска од партијата ДОМ, вели дека оправдувањето е не логично, будејќи Македонија не е членка на ЕУ, додавајќи дека законот мора да се изгласа затоа што целиот процес се врши неконтролирано.

Во моментов во земјава не се внесува отпад кој може да се складира, туку само оној кој може да се преработи, изјави заменик-миистерот за животна средина Јани Макрадули

Тој рече дека најголем увоз на опасен отпад во земјава  имало од 2012 до 2016 година, во 2017 тој е значително намален а во 2018 воопшто и не бил внесен таков отпад.

Тонско Јани Макрадули заменик министер за животна средина

Макрадули смета  дека аерозагадувањето може да се реши со елиминација на неговите извори, и  дека е подобро отпадот да се искористи како алтернативно гориво отколку да се трупа на депониите, Македонија вели тој, повеќе извезува отколку што увезува отпад.

Шкријељ ги посети поранешните корисници на Заводот „Бања Банско" за кои МТСП обезбеди станови за самостоен живот

Уште четири корисници на Заводот за рехабилитација „Бања Банско" во Струмица ќе добијат свој топол дом.

Заврши адаптацијата на куќа во Струмица во која ќе се преселат. Направени се соодветни прилагодувања на просторот, обезбедена е пристапност а во тек е опремување на куќата.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска во Струмица ги посети и лицата кои претходно беа згрижени во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско, а сега живеат во четири стана кои се целосно прилагодени на нивните потребите.

„Продолжуваме со процесот на деинституционализација што го почнавме лани. Досега на девет возрасни лица Министерството за труд и социјална политика им помогна да го заменат Заводот „Бања Банско" со свој дом. Некои од нив во Заводот биле и по повеќе од 25 години. Тоа беа луѓе исфрлени на маргините на општеството, а сега се вклучени во заедницата. Ние ги поддржавме во нивните желби и упорност да си создадат нов живот. Тие не ја кријат радоста, таа се гледа на нивните лица. Од Заводот се деинституционализирани и четири деца. Третманот со врзување за радијатори припаѓа на едно друго време, што не смее да се повтори", изјави Шкријељ.

Насмеани и расположени, корисниците и кажаа на Шкријељ дека се задоволни од условите во кои живеат и дека слободата да одлучуваат за животните активности, што сега ја имаат, ги прави среќни. 

Во рамки на трансформацијата на Заводот за заштита и рехабилитација на лица со телесна попреченост „Бања Банско" – Струмица, првите девет возрасни корисници го напуштија Заводот во текот на втората половина на 2019  година. Двајца од нив добија поддршка за враќање во сопственото семејство во село Миравци, Гевгелија, а седуммина се сместени во станови во државна сопственост.

Маријана Тошева, секретар на општинската организација на Црвен крст-Струмица посочи дека и тие го поддржуваат процесот преку обуки за персонални асистенти и негуватели. Активни се 19 персонални асистенти кои даваат услуги на 26 лица со попреченост.

Во тек е обука на третата група од 20 персонални асистенти.

Процесот на деинституционализација на Заводот „Бања Банско", Министерството го спроведува во соработка со четири агенции на ОН, кои ги опремија становите. За лицата е обезбедена потребната поддршка, вклучувајќи и лични асистенти, а за обезбедување на нега на крајот на 2019 година беа вработени пет негувателки. Со трансформацијата, се планира Заводот „Бања Банско" да прерасне во модерен Центар за рехабилитација. 

Во изминатите две години, повеќе од 44 проценти од луѓето што се сместени во социјални институции за долгорочно згрижување, добија нов дом во заедницата.

Дополнителната заменик-министерка Шкријељ го посети и новиот фитнес центар во рамки на проектот „И ние постоиме". Носител на проектот е Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност" - Струмица, а партнер е Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера" - Струмица. Проектот „И ние постоиме" се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан „ReLoaD", финансирана од ЕУ и кофинансирана од општина Струмица,стои во соопштението од Владата на РМ.

притисни ентер