ОН: Во Северна Кореја загрозени човековите права

Претставникот на Обединетите Нации за човекови права Марзуки Дарусман пред советот изрази загриженост за злосторствата против човечноста што се вршат во Северна Кореја.


 
Девет точки од извештајот се особено загрижувачки меѓу кои  загрозеност на граѓаните поради недостаток на храна, вршење тортура,  присилни исчезнувања и апсења без причина, користење затворенички логори и загрозување на правото на слободен говор.
 
Дарусман побара меѓународна комисија да го истражи извештајот , зашто властите во Северна Кореја одбиваат соработка со Обединетите Нации.
На 22 – ри март советот за човекови права ќе го заврши едномесечното заседание, по што ќе треба да биде донесена одлука за формирање таква комисија.
 
Северна Кореја веднаш ги одби сите критики и обвини дека  Дарусман е во сојуз со непријателските сили Јапонија , Европската унија и САД.
 Единствено кинескиот претставник во советот на обединетите нации го подржа корејскиот став.
 
притисни ентер