Фото: Пет милиони долари за градите!?

Американската актерка Џенифер Лав Хјуит сака да го осигури она што на неа е највредно – нејзините гради.

Колку актерката го цени највредниот дел од своето тело зборува податокот дека таа си ги проценила градите на пет милиони долари.

- Кога некој би ми предложил да си ги осигурам градите на 2,5 милиони долари би му одговорила дека може, но овие убавици вредат најмалку пет милиони – кажала гордата сопственичка на скапоцените гради во емисијата „USA Today“.

Доколку се осмели на таков чекор, Џенифер ќе им се придружи на останатите славни жени кои веќе ги осигуреле деловите од нивните тела за кои мислат дека им се најскапоцени.

Па така, Хајди Клум во 2011 година ги осигури своите долги нозе на износ од два милиони долари.

И Џенифер Лопез го заштити својот највреден атрибут – задникот и тоа на 27 милиони долари.

Една од најпознатите американски кантри пеачки Доли Партон, која освен по музиката, е позната и бујните гради кои ги осигури на 600.000 долари.

Силјановска -Давкова: На 9-ти мај ќе славиме и за Македонија, горда и твоја!

На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! 

Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека нема да ги заборавиме државните и нациолнални интереси, кои тие не само што ги заборавија, туку и ги погазија! Молам за доверба!

Верувајте ми, има моменти во историјата! А таков е овој, кога мора да сме заедно! Кога како никогаш досега, потребна ни е вашата поддршка! Без вас не може да направиме единство! Без вас Македонија не може да биде ниту твоја, ниту горда! Без вас не може да дојдеме до победа! Вие го имате првиот и последниот збор! Ви веруваме!

Денес е Денот на светското културно наследство. Охрид е незаменлив и ценет, драгоцен дел од него. Охрид е споменик и дом на европското христијанство! Да го чуваме! Не заборавајте: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана!

Час поскоро, активирајте го универизтетот на Плаошник! Оваа власт не знае што е култура, за неа културата е бизнис. Ако започна изградбата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, мора да доврши.

Во насока на јакнење на културниот туризам ќе покренам организирање на меѓународен форум – Плаошник форум, на кој ќе се дискутира соработката на цивилизациите, религиите и културите. Сето ова во соработка со УНЕСКО и Министерството за култура! Упатувам порака дека: Плаошник може да биде центар на дијалог на цивилизациите! Дијалог на религиите! Центар на културен дијалог! Затоа сум горда на него!, рече професорката Горданa Силјановска -Давкова, пренесе нејзиниот тим.

Мицкоски: СДСМ им ветувала на ДУИ колач од 70 проценти од власта и институциите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Охрид пред граѓаните обзнани едно сценарио, една завера која ја подготвува актуелната власт и со која си се лажат себе си дека ќе им успее.

„А, тоа е, ќе имале СДСМ 28 пратеници, а албанските партии ќе добиеле 33 заедно и ќе правеле влада заедно, замислете каква багра е тоа, и како размислува за иднината на Македонија. Нив не ги интересира иднината на државата, туку иднината на нивните фотелји, нема откажување од фотелјите треба да им е слоганот. Дури и им ветувале на ДУИ дека наместо како до сега 50 проценти од државните институции, СДСМ би се задоволиле со 30 проценти, а ДУИ и останатите партии да преземат се до 70 проценти“, појасни Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да излезат во поголем број на изборите и оваа актуелна власт да ја испратат на буништето на историјата каде што и заслужуваат.

„Затоа ве повикувам во што е можно поголем број да излезете и да им кажете што мислите за ваквите нивни сценарија, да има покажеме сите заедно што е и колкава е силата на Македонија и да ги испратиме на буништето на историјата каде што заслужуваат. Излезете на избори и гласајте“, посочи тој, се наведува во партиското соопштение.

Воз во Јапонија тргнал со доцнење од неверојатни 17 минути, патниците сепак не се налутиле

Не попусто велат „точен како јапонски воз“.

Во оваа земја времето се почитува до тој степен што ако (по некое чудо) воз доцни неколку минути, патниците добиваат формално извинување.

Следната приказна раскажува за возот Шинкансен (булет воз), чие поаѓање доцнело 17 минути!

Од Централната железничка компанија соопштуваат дека возот пристигнал во Токио од Нагоја, а тргнувањето за Осака било привремено прекинато. Причината е повеќе од бизарна.

Имено, персоналот забележал змија од 40 сантиметри како „се лизга“ на подот во еден од вагоните, пренесува UPI.com.

Повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена.

Властите истражуваат како таа завршила во возот.

„Тешко е да се замисли дека змија сама ќе влезе во воз на една од станиците. Имаме правила кои забрануваат внесување на диви животни. И покрај ова, ние не го проверуваме багажот на патниците“, било соопштено.

притисни ентер