Се соблекува гола на Бродвеј, но сликањето е строго забрането!

Многумина плаќаат да ја видат претставата „Појадок кај Тифани“ само поради сцената во која Емилија Кларк се соблекува гола.
Би сакале и да имаат доказ за тоа во вид на фотографија, но сликањето е строго забрането.

- Забрането е сликањето на претставите. Ако некој биде фатен да слика веднаш ќе биде исфрлен - велат продуцентите на претставата на Бродвеј.

Младата актерка безброј пати се соблекла и во ТВ сериите во кои настапува, па тие што сакаат да ја видат гола сигурно ќе имаат таква можност!

Познат актер наеднаш ослабна 35 килограми : Мислев дека сум готов

Познатиот британски актер Кристијан Беил кој покрај актерските таленти, се одликува со неверојатни и понекогаш опасни физички трансформации, реши официјално да стави крај на практиката на постојано слабеење и дебелеење за неговите улоги.

„Постојано повторувам дека сум готов со тоа, но сега навистина мислам дека завршив“, изјави 45-годишниот актер за Си-Би-Ес.

Тој изгубил 35 килограми за неговиот последен филм „Форд против Ферари“ за да може да ја игра улогата на возачот Кен Мајлс.

И, иако Бејл рече дека прекинува со екстремните физички трансформации, неговиот колега Мет Дејмон изјави пред  новинарите дека е воодушевен од неговите методи: "Се забавував кога го гледав. Тој има дисциплина на монах затоа што се трансформира од Дик Чејни за да стигне до овој лик. Тој мораше да изгуби 35 килограми".

Иако шегувајќи с постојано велеше дека зголемувањето на телесната тежина за улогата на Чејни е лесно и дека „мораше да јаде многу пита“, Бејл кратко изјави за „Variety“ дека бил тежок процес: „Очајно е. Тоа е страшно. Ако губите тежина , нема ништо друго освен да одите на спиење гладен и да се чувствувте очајно. Зголемувањето на телесната тежина е друга крајност. Целосно ја губите дисциплината и голтате како лудак. Морам да престанам бидејќи не е здраво за моето тело. Во четириесеттите години може да биде опасно ако не сте свесни за сопствената смртност “.

БМВ , Фолксваген и Дајмлер се казнети со 100 милиони евра

Германски регулатор денеска одреди казна од вкупно 100 милиони евра за водечките производители на автомобили БМВ, Дајмлер и Фолксваген за здружување во картел поради набавка на челични производи.

Помеѓу 2004 и 2013 година, овие производители на автомобили редовно се состануваат со производители на челик и други компании за снабдување со челик за да се договорат единствен износ на наплата по  набавна цена на челикот, соопшти Кабинетот за сузбивање на картели.

Додадоа и дека компаниите плаќале нелегални цени како резултат на картелските активности, барем до 2016 година.

Компаниите ги прифатија казните.

BMW објави дека ќе плати казна од 28 милиони евра. Според портпаролката,  Даимлер ќе мора да плати 23,5 милиони евра.

Останатите скоро 49 милиони евра одат на Фолксваген, најголемиот германски производител, од каде не сакале да коментираат за висината на казната, но изразија задоволство од завршувањето на истрагата и отстранувањето на правната неизвесност.

Канцеларијата за сузбивање на картелите забележува дека челичните производи купени од картелот по набавна цена , се користат при производство на коленести вратила, запчаници и шипки на управувачкиот систем, што претставуваат еден процент од крајната вредност на автомобилот.

Анкета на ЗСМ: 46 отсто од студентите на УКИМ земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар

Четириесет и шест отсто од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар.

 38 отсто од нив сметаат дека антибиотиците помагаат при лекување на сезонски грип, покажуваат резултатите од последното анкетно истражување што во изминатите два месеци го спроведе Здружението на студенти по медицина (ЗСМ).

Од Здружението соопштија дека по повод одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици (од 18 до 24 ноември) спровеле анкетно истражување во изминатите два месеци со цел добивање на информации околу степенот на познавањата на студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје за правилната употреба на антибиотиците и појавата на антибиотската резистенција. Со анкетата биле опфатени 1.024 испитаници. 

притисни ентер