Бијонсе во апартманот на Тито !

Бијонсе во Белград ќе оди со сопругот и бебето, а ќе престојуваат во хотелот на Тито - јавува „Ало!“

Американската пејачка, нејзиниот сопруг Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви во Белград ќе уживаат во луксузот на претседателскиот апартман во реновираниот хотел Метропол. Тито кој беше вистински хедонист уживаше таму, па нема зошто да не ужива и Бијонсе - пишува српскиот порталн Ало.

- За неа е резервиран најлуксузниот апартман во кој престојуваше Тито. Поранешниот претседател и славната пејачка се познати љубовта кон скапоценото и единственото, па не е чудно што таа деновите во Белград ќе ги помине во овој луксуз - вели извор за Ало.

Со нив во Белград ќе допатуваат и 5 дадилки на Блу Ајви кои ќе бидат сместени во соседниот апартман.

Бијонсе во Белград ќе престојува 5 дена. Ќе одржи концерт на 15 април. Со настапот во овој град таа ја почнува европската турнеја.



притисни ентер