Ријана се разболе и го откажа концертот во Бостон

Ријана се разболе. Сакала или не, овој пат мораше да го откаже концертот закажан за вечерва во Бостон бидејќи снема глас!

Ријана не може да го одржи распродадениот концерт во Бостон поради ларингитис. Лекарите и забраниле да настапува, а и да сака не може - таа снема глас!

- За жал таа по петочниот концерт доби ларингитис и лекарите и забранија да настапи вечерва - изјави портпаролот на Live Nation, компанијата која стои зад нејзината турнеја - јави ТМЗ.

Лукаревска: Да ги казниме оние што велат исправи се Македонијо а мислат на режим

Нашиот концепт на стандард, развој и  благосостојба ќе победи на 15 јули, исправени сме пред големата победа на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ.

Да ги казниме оние кои што велат исправи се Македонијо, зашто сакаат пак да не клекнат на колена. И овој пат како и досега сме исправени пред големата победа на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ, рече Лукаревска на централната трибина на коалицијата МОЖЕМЕ во Скопје.

-Обезбедивме 60 илјади нови работни места, ги зголемивме просечната и минималната плата, ги зголемивме платите во здравството, образованието, армијата, полицијата, го чуваме достоинството и на пензионерите, ги зголемивме и пензиите. Нашиот концепт за овие избори е стандард наместо пустош, борба против сиромаштијата наместо лично богатење, развој на економијата наместо концептот на ВМРО ДПМНЕ на што и самите се смеат "немаме за леб а трошиме за чоколади". Нашиот концепт на стандард, развој и благосостојба ќе победи на 15 јули.

-Особено сум горда, изградивме едно општество за сите, но исто толку сум горда и на принципот на еднакво општество на мажи и на жени. На овие изборни листи имаме 50% кандидати мажи и 50% кандидатки жени. Нашите заложби, нашите добри политики даваат резултати. Затоа ве повикувам, гласајте на 15 јули, заокружете три, обнова на режим не смееме и нема да дозволиме. Гласајте за Социјал демократскиот сојуз и коалицијата МОЖЕМЕ, гласајте за потврдени вредности.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ахмети од Тетово: И помогнавме на државата да тргне по прав пат и сега отвораме нови поглавја

Изборен собир на плоштадот во Тетово одржа Демократската унија за интеграција, предводена од носителот во шестата изборна единица Али Ахмети и кандидатот за премиер Насер Зибери. 

Партискиот лидер Ахмети рече дека со нивните идеи на овие избори создаваат нова историја.

–Сите зборуваа НАТО, НАТО, НАТО ете влеговме и во НАТО. Сега одиме наоред да кроиме нова историја. И помогнавме на оваа држава да тргне по прав пат и сега отвораме нови поглавја. Ние имаме достоинство и со сите поглавја што сме ги отвориле на екононски план, со влезот во НАТО, евроинтерграција. Но јас не сакам да се заборави оваа навреда што денеска ја слушнав и се шокирав. Навредата за „пет пари" многу боли, но сме поминале многу, УДБА и удбаши и многу неправди, ние нема од што да се плашиме имаме ориентација и цел и сакаме да ја реализираме. За тоа ќе им покажеме на 15 јули и да видат кои сме ние, истакна Ахмети.

На собирот се обратија и кандидати за пратеници во 6 изборна единица, како и Насер Зибери, кандидат за премиер од редовите на ДУИ.

–Поминавме многу места и јас гледам дека оваа идеја што дојде од Али Ахмети излезе од кај Албанците и ја има кај сите во Македонија. Ова ни дава гаранција дека ќе го добиеме мандатот. Јас можам да ви ветам дека ќе има владеење на правото. Нема да има ништо надвор од правните рамки. Ќе работиме на полето на економијата, да има работа за младите, во образованието да има нови училишта. Кога ќе ја напуштиме функцијата ќе бидеме со чист образ. Да ги повикаме Македонците да гласаат за нас нема да им фали ништо, нема да им биде ускратено ниту едно право, ќе има еднаквост за сите, не се плаштете од ДУИ и Албанците, истакна Зибери.

Кандидатот за премиер и кандидатите за пратеници остварија неколку средби со граѓани во тетоските села Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема Речица и Мала Речица./МИА

Димитров до незадоволните граѓани: На 15 јули турнете не' напред силно да продолжиме со реформите!

 2,5 години имавме тег што не' влечеше назад

Кандидатот за пратеник од СДСМ и носител на листа во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме", Никола Димитров, вечерва на централната трибина во Скопје, им се обрати на граѓаните кои се уште размислуваат дали да излезат да гласаат на парламентарните избори во среда на 15 јули, порачувајќи им дека со останување дома, го даваат нивниот глас за опцијата која води накај пустошот и бездната, и дека тој е глас на бело знаме и на предавање:

„ Дали знаете дека сме фаворити? Ама ако сме убедливи, ако излеземе сите. Граѓанин кога гласа, дава правец. Дајте го правецот за напред, да бидеме убедливи, да нема пазари на принципите главни! Затоа ни требате сите и да ни дишете во врат после, ако не испорачаме."

Димитров порача дека само со заокрожување на бројот 3 нашата земја може да биде држава со која што ќе се гордееме сите, доколку СДСМ го добие мандатот: „ Немојте да мислите дека ова што го постигнавме, ни е сигурно во џеб и не е битно што ќе биде од сега па натаму" и вети дека тој лично ќе биде гласот за правда:

„Како мене што ме блескаат рефлекторите, така ќе блескаат како ќе владееме дома. Главна област ќе биде областа на правдата. Со помош на овие рефлектори, јас лично ви ветувам дека ќе бидам гласот за правда, бидејќи нема да заврши кризата што почна 2015 год. , додека нема правда. Без разлика за кого! Кој и да згреши, ќе се бориме да има правна разврска." – порача Димитров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер