Љубоморен маж го уби водителот на ТВ емисијата „Дневникот на ловецот“

Телевизискиот водител на емисијата „Дневник на ловецот 3“ која се емитува на американскиот канал „Sportsmen", е убиен од страна на сопругот на жена кај која бил во посета , соопшти полицијата од гратчето Вајтфиш во Монтана.


Телевизискиот водител на емисијата „Дневник на ловецот 3, која се емитува на американскиот канал „Sportsmen", е убиен од страна на сопругот на жена кај која бил во посета , соопшти полицијата од гратчето Вајтфиш во Монтана.

41 годишниот сопруг Вејн Бенгстон  со истрел од огнено оружје го уби тв водителот Грегори Родригез , за веднаш потоа да ја претепа и својата жена. По инцидентот Бенгстон својот тригодишен син го одвел кај роднините, и на крајот  според некои извештаи  извршил самоубиство.

По инцидентот претепаната сопруга на Бенгстон на полицијата и изјавила дека Родригез престојувал во градот поради работа  и дека ја доцна синоќа ја посетил куќата на нејзината мајка, по што во куќата се појавил и нејзиниот сопруг Вејн.

Нема информации како 43 годишниот Родригез се запознал со сопругата на својот убиец и во какви односи биле тие двајца.
притисни ентер